- Администрацијата на Доналд Трамп планира да им го укине привремениот легален статус на 240.000 Украинци, кои побегнаа во САД откако почна војната во нивната земја.
- Наредбата ќе овозможи депортирање по забрзана постапка на Украинците што беа прифатени во САД преку програми за хуманитарен азил од администрацијата на Џо Бајден.
- Со одземање на легалниот статус до крајот на март се соочени уште 530.000 мигранти од Куба, Хаити, Никарагва и Венецуела, како и 70.000 Авганистанци што побегнаа пред талибанците да се вратат на власт.
- Околу 1 милион имигранти што нелегално влегуваат во САД се во категоријата за итна депортација во рок од две години.
- Доналд Трамп вели дека воената акција во крајна линија им помага на луѓето во Иран бидејќи „тие сакаат да слушаат бомби бидејќи сакаат да бидат слободни“.
- Убеден е дека Иранците не се на улиците за да протестираат како што се надеваа дека ќе биде израелските тајни служби, затоа што „ќе бидат застрелани од режимот“. Кога ќе им престане стравот и кога ќе имаат оружје, ќе излезат.
- За соборениот американски Ф-15, тврди дека Иранците имале среќа.
- Претходно, Иран го одби американсккиот план за примирје доставен преку Пакистан и понуди свој план од 10 точки порачувајќи дека не ги интересира примирје туку траен мир.
- Меѓу другите барања на Техеран се прекинување на регионалните непријателства, воспоставување протокол за безбеден премин низ Ормутскиот теснец, реконструкција на земјата и укинување на санкциите.
- Смртта не е состевн дел од работата само на војниците, рударите или пожарникарите, туку и на оние што возат возови.
- Хрватскиот машиновозач Анте Бркљачиќ вели дека познава само еден од искусните колеги немал смртен случај во кариерата.
- Тој имал 11. Првиот кога имал само 21 година, последниот лани.
- Не сите од тие прегазени несреќници сакале да си го одземат животот. Некои биле невнимателни, некои просто немале среќа, некои биле пијани.
- Анте ги памти сите 11.