- Марк Карни ќе биде новиот премиер на Канада, откако Џастин Трудо во јануари се повлече од функцијата.
- Карни, поранешен гувернер на Централната банка, победи на изборите за лидер на либералдемократите со 86% од гласовите. Според канадските правила, тој автоматски ќе ја преземе и премиерската функција.
- Приоритет на новиот премиер ќе биде политичката и трговската битка со Доналд Трамп, кој ѝ се заканува на Канада со високи царини, па дури и да ја припои како 51-ва сојузна држава на САД.
- „Има некој што сака да ја ослаби нашата економија. Тој ги напаѓа канадските работници, семејства и бизниси. Не смееме да дозволиме да успее. Ќе мораме да правиме работи што не сме ни ги помислувале, со брзина што не сме ја сметале за возможна“, изјави Карни.
- Доналд Трамп вели дека воената акција во крајна линија им помага на луѓето во Иран бидејќи „тие сакаат да слушаат бомби бидејќи сакаат да бидат слободни“.
- Убеден е дека Иранците не се на улиците за да протестираат како што се надеваа дека ќе биде израелските тајни служби, затоа што „ќе бидат застрелани од режимот“. Кога ќе им престане стравот и кога ќе имаат оружје, ќе излезат.
- За соборениот американски Ф-15, тврди дека Иранците имале среќа.
- Претходно, Иран го одби американсккиот план за примирје доставен преку Пакистан и понуди свој план од 10 точки порачувајќи дека не ги интересира примирје туку траен мир.
- Меѓу другите барања на Техеран се прекинување на регионалните непријателства, воспоставување протокол за безбеден премин низ Ормутскиот теснец, реконструкција на земјата и укинување на санкциите.
- Смртта не е состевн дел од работата само на војниците, рударите или пожарникарите, туку и на оние што возат возови.
- Хрватскиот машиновозач Анте Бркљачиќ вели дека познава само еден од искусните колеги немал смртен случај во кариерата.
- Тој имал 11. Првиот кога имал само 21 година, последниот лани.
- Не сите од тие прегазени несреќници сакале да си го одземат животот. Некои биле невнимателни, некои просто немале среќа, некои биле пијани.
- Анте ги памти сите 11.