Овој потег доаѓа како дел од пошироко културолошко насочување кон конзервативност, во тандем со почетокот на вториот мандат на Доналд Трамп.
Имаат и други потези за удоволување на Трамп, кој претходно ги означи како „воук“. Во декември се спогодија за 15 милиони долари во една тужба за клевета и ги зема Трамп.
Прво, Win or Lose е прва анимирана серија на Пиксар, за спортски тим од основци што се спрема за шампионат.
Секоја епизода е фокусирана на различен лик, како на пример несигурните деца и нивните хеликоптер-родители, па дури и вљубен судија. Во првата епизода ја среќаваме Лори и Лори е христијанка. Сцената почнува со „Оче наш“ и има исечок од ангел во собата.
Претходно, Дизни има исечено неколку реда дијалог во епизода за родовиот идентитет на некој лик. Претставник на компанијата објасни дека вака одлучиле затоа што „препознаваат дека на некои теми, родителите сакаат под свои услови и во свое време да разговараат со децата.“
Ова е прв христијанин во Дизни после „Мост до Терабитија“ од 2007. Таму имаше деца што заедно одат во црква, па потоа дискутираат религија додека си одат дома.
После бесните културолошки војни околу прашања за разноликост и ЛГБТИ, правичност и инклузија, Дизни малку го смирува пристапот.
Еве и трејлер за серијата: