Потпишано: САД ќе чуваат биткоини во дигитален Форт Нокс
7 март 2025
- Претседателот Доналд Трамп ја потпиша наредбата за создавање владини резерви од биткоини.
- „Ќе задржиме 200.000 запленети биткоини. Нема да продаваме од резервите. Ќе ги чуваме како дигитално злато. Резервите се дигитален Форт Нокс за криптовалути“, изјави Дејвид Сакс, назначен за „криптоцар“ во администрацијата на Трамп.
- Помалку од еден час откако Трамп ја потпиша наредбата, вредноста на биткоинот на берзите падна за близу 5.000 долари.
- „Малку е веројатно дека Конгресот ќе го одобри создавањето стратегиски крипторезерви. Шансите се под 50%“, оцени банката ЈП Морган.