- Доналд Трамп им се закани на партнерите од НАТО што нема да ги зголемат трошоците за одбрана дека САД нема да ги брани ако бидат нападнати.
- „Ако САД се во неволја и ги повикаме, мислите дека тие ќе дојдат и ќе нè бранат? Обврзани се. Не сум баш сигурен“, изјави Трамп.
- Специјалниот американски претставник за Украина, Кит Келог побара да не важи обврската за колективна одбрана на НАТО за членките што нема да издвојат за одбрана барем 2% од своите бруто-национални приходи.
- Членот 5 од Повелбата на НАТО, кој ги обврзува сите членки да одговорат ако некоја биде нападната, бил активиран само еднаш - за поддршка на САД по терористичките напади на 11 септември 2001 година.
- Доналд Трамп вели дека воената акција во крајна линија им помага на луѓето во Иран бидејќи „тие сакаат да слушаат бомби бидејќи сакаат да бидат слободни“.
- Убеден е дека Иранците не се на улиците за да протестираат како што се надеваа дека ќе биде израелските тајни служби, затоа што „ќе бидат застрелани од режимот“. Кога ќе им престане стравот и кога ќе имаат оружје, ќе излезат.
- За соборениот американски Ф-15, тврди дека Иранците имале среќа.
- Претходно, Иран го одби американсккиот план за примирје доставен преку Пакистан и понуди свој план од 10 точки порачувајќи дека не ги интересира примирје туку траен мир.
- Меѓу другите барања на Техеран се прекинување на регионалните непријателства, воспоставување протокол за безбеден премин низ Ормутскиот теснец, реконструкција на земјата и укинување на санкциите.
- Смртта не е состевн дел од работата само на војниците, рударите или пожарникарите, туку и на оние што возат возови.
- Хрватскиот машиновозач Анте Бркљачиќ вели дека познава само еден од искусните колеги немал смртен случај во кариерата.
- Тој имал 11. Првиот кога имал само 21 година, последниот лани.
- Не сите од тие прегазени несреќници сакале да си го одземат животот. Некои биле невнимателни, некои просто немале среќа, некои биле пијани.
- Анте ги памти сите 11.