Следната година, 2026-та во САД, Мексико и Канада ќе се одржи Светско фудбалско првенство. Првиот човек на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп во четвртокот пред новинарите изјавил дека размислуваат на некои градови да им одземат домаќинство поради небезбедност.
Сер Тони Блер лобира да раководи со привремената влада на Газа што би била формирана кога ќе заврши војната. Веќе добил поддршка од Трамп за „да го жртвува своето скапоцено време“. Навистина е скапоцено. Неговата тарифа за политички говор се движи од 200.000 до 300.000 долари. А, неговиот институт беше вклучен во проектот за претворање на Газа во луксузна „ривиера“.
Наспроти огромните напори и лобирања на Трамп да ја добие Нобеловата награда за мир, како круна на неговите мировни напори и „запирањето на седум војни“, историчарите, букмејкерите, па и мнозинството Американци се убедени дека не ја заслужил и нема да ја добие. Но, не решаваат тие, туку членовите на Норвешкиот комитет, кои не толку одамна му дадоа Нобел и на Барак Обама.
Во говорот во ОН Трамп нè информираше дека за седум месеци ставил крај на седум војни. Меѓу нив, ја сопрел и војната на Косово?! Да се чудиш каков балван е. Можда е незграпен за „понадвор“ ама па дома ќеифи си тера. Во Белата куќа отвори „Wall of Fame“ со портрети на сите досегашни претседатели. На местото на Бајден закачил слика од „автоматско пенкало“ со кое сенилниот потпишуваше укази и закони.
Компанијата Алфабет, која ги управува Гугл и Јутјуб, призна дека попуштила од притисокот од поранешната администрација на Џо Бајден да цензурира содржини што не се вклопуваат во владините политики, особено за време на пандемијата и по претседателските избори во 2020 година. Сега им се извинува на блокираните корисници и ги моли да се вратат на платформите.
НАСА пред три години намерно удри вселенско летало во мал астероид и му ја измести траекторијата за да открие дали со таа техника може да ја заштити Земјата од вселенски карпи. Научници сега бараат уште порадикална акција – со нуклеарни бомби целосно да се уништи големиот астероид 2024 YR4, кој е насочен кон нашата планета, иако е мала веројатноста дека ќе ја погоди.
Нвидиа, кој е највредна компанија во светот, ја користи својата финансиска моќ за да се обезбеди дека нејзините напредни чипови ќе ја напојуваат технологијата за развој на вештачка интелигенција и градење бази на податоци, кои ќе бидат двигател на глобалната економија во блиска иднина. ОпенАИ, пак, добива финансиска стабилност и инфраструктура за развој на нови модели со ВИ.
Одлуката на Доналд Трамп драстично да ја зголеми цената на визата за високостручни кадри Х-1Б, предизвика паника во технолошкиот сектор во Америка и особено во индијските заедници чии државјани се најголемата група на иматели на вакви визи. Од компаниите, Амазон има ангажирано најмногу ваков профил, преку 10.000 лица.
Бранот признавања на палестинската држава нема да ги спаси од страдања Палестинците, зашто тој симболичен потег на големите европски земји е насочен кон нивната домашна јавност и треба да ја покрие нивната немоќ да реагираат на геноцидот во Газа. Признавање без решителни акции може да биде сурова пресуда за Палестинците: да имаат држава на хартија, а во реалноста да немаат територија.
Администрацијата на Трамп тврди дека нашироко користениот лек тиленол, кај нас познат како парацетамол, е главната причина за аутизмот кај децата. На денешната прес-конференцијата, која ја опиша како „историска“, тој ќе претстави и лек со кој може да се третира аутизмот, кој е дијагностициран со повисоки стапки кај децата во САД во изминатите неколку децении.