Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Трамп ги брани иранските демонстранти

2 јануари 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • САД се спремни да ги бранат иранските демонстранти ако властите во Техеран употребат оружје за да ги задушат протестите, предупреди претседателот Доналд Трамп. „Опремени сме, натоварени и подготвени да тргнеме“, порача Трамп. Тој не објасни како би реагирале САД, но американските сили лани во јуни се придружија на израелските ракетни напади врз иранските нуклеарни постројки.

  • Масовните протести поттикнати од економската криза и инфлацијата во Иран за четири дена се проширија низ целата земја. Според извештаи на локалната новинска агенција Фарс, полицијата и специјалните сили употребиле сила и огнено оружје за да ги смират демонстрациите и убиле најмалку шест лица. Загинал и еден припадник на Револуционерната гарда.
  • Иранското раководство се соочува со најголем притисок по 2022 година, кога земјата беше парализирана од протестите поврзани со Махса Амини, младата жена што почина во притвор откако беше уапсена поради тоа што не носела шамија. Полицијата тогаш брзо и сурово тргна против демонстрантите, главно студенти што бараа либерализација.
  • Овој пат протестите избувнаа од пазарџиите, кои се важен елемент од економијата, па претседателот Масуд Пезешкијан во помирувачки тон побара преговори со лидерите на демонстрациите. Инфлацијата надмина 40%, а храната поскапе за 72% за една година. Ријалот во декември изгуби 20% од вредноста и на црниот пазар падна на историски минимум од 1,3 милиони за 1 долар.
извор

Батерија до три дена, отпорност на вода и голем AMOLED екран: што носи REDMI Note 17 Pro Max 5G?

2 октомври 2026
  • Share
  • Post
извор

Нафтата повторно поминува преку Ормуз како пред војната

2 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Испораките на сурова нафта преку Ормускиот проток во изминатата недела се приближија речиси до нивото пред војната на САД со Иран. Разликата е што американската поморска блокада не дозволува транспорт на иранска нафта.
  • Според податоци на Kpler, седумдневниот просек на транзит во понеделникот достигнал 13,5 милиони барели на ден, колку што бил и во февруари од земјите од Персискиот залив, без Иран.
  • Извозот на Саудиска Арабија од 6,4 милиони барели на ден го надминал просекот од 5,4 милиони барели во 2025 година. Дел од својата нафта Саудијците извезуваат и преку Црвено Море.
  • Сепак, глобалната криза со гориво продолжува бидејќи протокот на рафинирани нафтени производи е 677.000 барели на ден, за разлика од 3,6 милиони барели пред да почне војната.
  • Русија и Кина објавија забрана за извоз на дизел. Со забрана за извоз се закани и американскиот претседател Трамп, кој ги притиска европските земји да почнат да ги користат своите стратешки резерви на гориво за да ги спуштат цените на бензинските пумпи.

извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Мадона сè повеќе личи на Добрила Чабриќ

Онака
2

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

3

Дарко Панчев ја подари прочуената Златна копачка во музејот на Ѕвезда

Фудбал
4

Роналдо се огласи по напуштањето на репрезентацијата

Фудбал
5

АНБ со мирис на УДБА

6

Германија го признава гревот кон Западен Балкан

7

Елитно ментално

Забава
8

Квалификации

Балканштина
1

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

2

АНБ со мирис на УДБА

3

Германија го признава гревот кон Западен Балкан

4

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

5

Почина Биљана Плавшиќ

6

Младината од ридовите граба палестински територии

Свет
7

Пентагон покани само шест сојузници на разговори за иднината на НАТО

8

Маск ќе ја крои иднината на војувањето

Свет
* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Балканштина

Квалификации

Медиуми

Размислете за храната

Балканштина

Секој има ваков пријател

Медиуми

Како бре дете се судрило со Ауди???

Балканштина

Техничка поддршка за „Блокадери“

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Живот програмерски

Добрите духови постојат

Обврската за шлем на точак е гола вода

Сакате да го разберете Октиси?

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy