Уште не е најјасно зошто оставка поднесе Викторија Нуланд, третиот по ранг дипломат на САД и главниот архитект на украинската голгота. Се спомнува кариеристичко незадоволство (сакала да биде втора но Блинкен не ја унапредил) но и ФБИ истраги, каде завршија некои милијарди, матни операции на ЦИА... Долга, богата и ужасна кариера е зад неа. Паѓаат и таквите но обично паѓаат нагоре. Ќе видиме. Нуланд е класично политичко суштество од „мочуриштето.“
Колку и да изгледа страшно сегашната иницијатива што руските сили ја имаат по цела должина на фронтот, таа е само најава за најверојатната масовна офанзива што Русија ја планира за пролетва, за која се подготвуваше повеќе од една година.
За македонската коментаторска легенда може да се сними документарец во повеќе делови, а најдолгиот дел треба биде само за патувањето на Европското првенство во кошарка 1967-ма. Претворете се во уши.
40 години поминаа откако Британците Џин Торвил и Кристофер Дин, на Зимските олимписки игри во Сараево ја изведоа оваа легендарна изведба на мраз, на драматичните репететитивни тонови на Морис Равел и неговото Болеро. За многумина, една од најекспресивните и најелегантни изведби видени во овој спорт, на сите времиња.
Повеќе од 1 милијарда деца, адолесценти и возрасни низ светот се дебели, односно имаат БМИ од над 30 (до 30 си само прекумерно тежок) преброиле секогаш педантните Лансет. За да не биде дебел маж со 186 сантиметри треба да тежи максимум 103 килограми, а е „нормален“ со максимум 86 кг.
Најдобриот македонски кошаркар веќе некое време држи кошаркарски часови во најдобрата руска лига. Така синоќа, минатогодишниот МВП на лигата, постигна 38 поени со само едно промашување од игра во триумфот на неговиот УНИКС Казан 78-84 против гигантот ЦСКА Москва која од клупата ја води Емил Рајковиќ.
Дури и во ситуација кога сите го прежалија во Бундеслига каде Баер Леверкузен му избега 10 бода, Баерн Минхен се крена и во Лига на шампиони апсолутно заслужено оди во четвртфинале. 12-то во последните 13 сезони за Баварците кои го совладаа Лацио убедливо со 3:0 и лесно ја надоместија негативата од првиот меч.
Вардар го загуби дербито на колото од Шкендија со 3:0 и се со соочи со скандалозно однесување на домашните навивачи кои симулираа погреб за црвено црните, ставајќи ги во ковчег кој заврши во пеколот.
По долгата пауза се врати кошаркарската Евролига. Партизан со убедливи 100-90 го совлада турскиот гигант Анадолу Ефес. Прв стрелец во триумфот беше Алекса Аврамовиќ со 30 поени а кај гостите Вил Клајбрн со 17 поени и 4 скока. Мечот го одбележи неверојатниот прием на Жељеко од страна на навивачите.
38-те години на голманот на Македонија се само бројка во неговата лична карта. Рефлексот му работи како да е 10 години помлад. Порто го совлада Целје во ЛШ 32:30, а Митревски беше феноменален со 14 интервенции од кои една инспиративна и за ЕХФ.
Само Северна Кореја многу поуспешно ги пополни руските залихи со артилериска муниција, отколку што сите неспоредливо побогати и поиндустријализирани членки на Европската унија успеаа да и се најдат на Украина во однос на клучната муниција на фронтот.
Кливленд Кавалирс и Далас Маверикс го одиграа најинтересниот меч од регуларниот дел сезонава. Домаќинот кој е неочекувано и изненадно втор на Истокот, славеше 121:119 со кош од преку половина во последна секунда!
На 25 февруари 1994 за време на рамазанската молитва, израелскиот доктор со американско-израелско потекло, Барух Голдстин, вооружен влегува во Ибрахимовата џамија во Хеврон и почнува да пука кон верниците. Убива 29 луѓе, некои и на 12-годишна возраст, и ранува дополнителни 125, пред да биде совладан и претепан до смрт од преживеаните.
Јужнокорејски компании решени да го запрат драматичниот пад на новороденчиња во земјата почнаа да даваат бонуси од 75.000 долари на семејствата кои имаат деца.
Четирикратниот НБА шампион Драјмонд Грин важи за еден од најгрубите кошаркари во лигата во последните години. Никој никогаш како него не се изнаплаќал толку парични казни и не бил толку често суспендиран поради наглите груби фаули, прекршоци и тепачки кои ги предизвикал. Зборува против сите и секого ама сега конечно покажа респект против најголемиот.
Жирона со 3-0 го совлада Рајо Ваљекано а Столе Димитриевски два од трите гола ги прими во судиско продолжение, во 90+1’ и во 90+3’ минута. Од 76-та минута гостите играа со играч помалку поради експресното исклучување на Пеп Чаварија кој доби два жолти и црвен картон во само неколку секунди. Крајно наивно и глупо.
Во ФИБА натпреварувањата за пласман на Европско или Светско првенство нема коло а да нема некое големо изненадување. Ова се случува од причина што голем број од главните играчи во многу селекции не се во можност да допатуваат поради обврски во своите тимови. Така на пример светскиот шампион Германија изгуби од Бугарија а Белгија го доби европскиот првак Шпанија. Најголемо изненадување се случи во главниот град на Чиле.
Дали би го жртвувале телефонот, пасошот (добро, ако го имате) и слободата да се движите, за да се живеете во изолирано сопче цели 10 дена и да се натпреварувате, на слепо, за идниот партнер? Едно реално шоу го бара токму тоа, и повеќе, од своите учесници.
Со оваа соработка што денеска и официјално ја објавуваме, Кожувчанка станува горд поддржувач на Кошаркарската Федерација на Северна Македонија во наредниот период.