Хот-дог за кој Америте можат само да сонуваат

Хот-догот е многу битна алка во америчката кујна, колку и уајт-трешерски тоа да звучи. Дали и вам,  кога некој ќе спомне америчка кујна или америчка диета, пред очи ви искачаат камп-приколка, хил-били јунак со жолта џигерица alla Ипче Ахмедовски после вториот албум, жена у тексас шорцеви со стрии и такви мотели ‘покрај пута’ кајшо се снимени 80% интро-сцените у Холивуд? И мене.

Америте и кујна. Нешто као Јамајка и боб-санкање. Или Македонија и внатрешна политика. Соединетатаамериканскодржавна кузина е очај. Уште од мали се задоени со корнфлекси и слични стиропорни житарици, коа ќе потпораснат продужуваат со хотдог и бургер и после како возрасни се предозираат од јајца и сланина. Сето тоа залиено со пола када Кока-Кола. Добро, Тексашаните се богови за скара, ама тоа си е посебна енклава и приказна за себе.

Јас денес ќе пробам да ја ‘редефинирам’ америчката виршла со еден експериментален начин. Пред извесно време, вадејќи очи и губејќи драгоцено време по Инстаграм, налетав на еден интересен рецепт, па на друг, па на трет и некако спонтано ми светна неонката у глава: “…а што доколку направиш пилешки мус, па го оформиш како виршла, па го испоховаш, па го испржиш“? Скокање веднаш од тросед и директно упатување кон кујната, на работа, на труд:

Стек - пилешки. Грамажа - 400. Сецкање - на ленти. Лук - обавезно. Власец - пожелно. Ако немате власец - кромид. Пипер - црвен. Сол и бибер. Сето ова у блендер и вози Мишко. Блендираме додека не се добие хомогена смеса. Оваа смеса, школуваните кувари ја викаат мус.

Преминуваме на мотање. Ни треба најлонска фолија. Нанесуваме четвртина од смесата и мотаме во форма на цилиндар со радиус од пола сантиметар. Цилиндарот нека биде долг околу 10 сантиметри. Постапката ја повторуваме четирикратно.

Вака наполнетите најлони ги ставаме во комора. 45 минути најмалце. За тоа време припремаме терен за следните активности.

Прво сосот: компонираме ултимативно амерички сос - кечап+мајонез+сенф+малце вода од корнишони. Тоа е тоа.

Во три чинии поставуваме брашно, матиме јајце и истураме лебни трошки - презла. Ги вадиме виршлите од комора и следи похование грешним. Ги валкаме низ брашното, па ги брцаме низ јајцата и на крајот ги праќаме на плажа - да се испохуваат како мокро бебешко газе од песок.

За тоа време во тенџере загреваме масло на среден оган. Моите рингли развиваат до 9-ка, ја ги пржев на 5-ка. Ги пржиме 7-8 минути, константно вртејќи ги.

Додека се пржат, сецкаме 30 грама фстаци. Да не бидат ептен прав, но може на доста ситни парченца. Ги оставаме виршлите да оладат едно 6-7 минути. Ако имате хот-дог векна, слободно злоупотребете ја. Мене ме мрзеше да одам до маркет, а у обичен леб некако ми немаше поента да ја заглавам, па ја цепав без леб.

Ја сервирате виршлата, врз неа сосот, а на врв парченцата фстак.

Лепотански бе, ем за око, ем за стомак ем за душа. Царски искочи, подобро од очекуваното.

Инџоj!
Кирил Стоименов - Шинтер у пензија

24 февруари 2024 - 14:30