Екипата на Далас Маверикс се крена по тешкиот и болен пораз во Кливленд каде водеа буквално до последните две секунди пред крај но примија кош од преку половина терен.
Дончиќ на тој меч одигра блескава партија со страшни 45 поени, а фантастичен беше и синоќа во триумфот на неговиот Далас Маверикс против Торонто Репторс 136:125.
Дончиќ синоќа постигна 30 поени со 11 скока и 16 асистенции за уште еден трипл-дабл учинок сезонава.
Birthday 𝓶𝓪𝓰𝓲𝓬 🪄🪄🪄 pic.twitter.com/2BoQZqHu7O
— Dallas Mavericks (@dallasmavs) February 29, 2024
Дончиќ го надмина големиот Леброн Џејмс во една статистичка колона: со својот 39-ти трипл-дабл учинок со најмалку 30 поени и тоа остварен на 381 настап во НБА.
Леброн имал 38 трипл-дабл подвизи со најмалку 30 поени на дури 1.472 НБА натпревари што само по себе покажува каков играч е Лука Дончиќ со ова надминување на „кралот“.
Luka Doncic tallied the 39th 30-PT triple-double of his career, passing LeBron James for third-most such games all-time.
— NBA History (@NBAHistory) February 29, 2024
Oscar Robertson – 106 (1,040 career games)
Russell Westbrook – 48 (1,150 career games)
Luka Doncic – 39 (381 career games)
LeBron James – 38 (1,472 career… pic.twitter.com/EgeMAwXtIH
За суперѕвездата на Далас Маверикс ова беше 11-ти трипл-дабл сезонава со што се искачи на третото место во оваа статистичка колона, зад лидерот Литванецот Домантас Сабонис кој има 21 и Никола Јокиќ кој стигна до 18 трипл-дабл учиноци сезонава.
Маверикс и Репторс играа прилично израмнет дуел се до крајот на третиот период кога Дончиќ и Далас запнаа малку повеќе и на крајот заслужено обезбедија уште една важна победа на патот кон плејофот.
HOWWWW?!? 🤯 pic.twitter.com/V67ZcXWX76
— Dallas Mavericks (@dallasmavs) February 29, 2024
Кајри Ирвинг со 29 постигнати поени беше од огромна помош во триумфот и докажа дека со Лука се сјаен тандем кога двајцата се во исто време на паркетот. Голем удел во победата на Далас Маверикс имаа уште и Пи-Џеј Вашингтон кој стигна до 23 поени со 6 скока а Тим Хардавеј уфрли 16 поени.
Кај Торонто Репторс Квикли беше прв стрелец со 28 поени, девет асистенции и пет скока. Ер-Џеј Берет беше втор најефикасен кај Репторси со 26 поени, шест асистенции и пет скока, а Скот Барнс на крајот забележа 19 поени, 11 скока и седум асистенции.