Каква партија на Ненад Димитријевиќ против ЦСКА Москва

Најдобриот македонски кошаркар веќе некое време држи кошаркарски часови во најдобрата руска лига. Така синоќа, минатогодишниот МВП на лигата, постигна 38 поени со само едно промашување од игра во триумфот на неговиот УНИКС Казан 78-84 против гигантот ЦСКА Москва која од клупата ја води Емил Рајковиќ.

УНИКС е прв со 23 победи и 6 порази а ЦСКА Москва има 22 победи и 7 порази на второто место во ВТБ лигата.

 

6 март 2024 - 10:40