Никола Јокиќ е многу близу до уште едно ново МВП признание, врвна награда за најдобриот играч во НБА лигата кое Србинот го доби два пати досега и тоа по ред.
Јокиќ од вечер во вечер го воодушевува кошаркарскиот свет со нови луди рекорди и трипл-дабл партии. Во ноќта меѓу неделата и понеделникот тој го разби Голден Стејт Вориорс со нов трипл-дабл, трет по ред.
Неговиот главен чувар на мечот, грубиот и агресивен Драјмонд Грин кој во само неколку дена два пати се закачна со Јусуф Нуркиќ и со Кевин Дурент, за Никола Јокиќ вели:
„Ако играме против тој тим во плејофот, ќе мора да направиме некои прилагодувања, со цел да дојдеме во ситуација да победиме. Тоа е голем тим. Џокер, 36 поени, 16 скока и 16 асистенции, направи прав пекол вечерва!
Морам искрено да кажам дека сум имал добри ’меч-апови’ со Јокиќ но вечерва ми приушти пекол на кој немав одговор. Морам да се смеам. Или плачеш или се смееш. Јас само малку ќе се смејам зошто немав апсолутно никаков одговор. Беше брилијантен. Во неверојатна форма е.
Го гледав како трча на теренот. Само одеше и трчаше, не се изморуваше. Имам многу почит за Јокиќ, отсекогаш сум имал. Неверојатен кошаркар. Сакам да играм против тие момци со кои имаш почитување и натпреварувачки дух. Сакам да играм со него, имам чест да играм со Јокиќ. Вечерва беше најдобар. Го доби мечот а јас имам нула одговори. Имав впечаток како да играм добра одбрана, а вечерва немав никаков одговор“, рекол Грин и заклучил:
„Ќе се сеќавам на овој меч следниот пат. Портив најголемите играчи секогаш напредуваш. Последен пат играв против него минатата година. Тој секогаш напредува и морам да смислам како да играм одбрана. Вечерва не ми успеа и тоа е океј“.
Интересен нов документарец на НБА за Никола Јокиќ