Лука Дончиќ одново одигра врвен меч, постигна 45 поени со 14 асистенции и 9 скока, имаше одлична поддршка од Кајри Ирвинг кој на својот тим кој во негова чест за освоена шампионска титула му го повлече дресот му даде 30 поени.
Но ролјите на тандемот Дончиќ-Ирвинг беа залудни на крај затоа што на две секунди до крајот Макс Штрус погоди луда тројка од своја половина за победа 121-119.
Шутот на 27-годишниот Макс Струс кој фрли од 18 метри и официјално е втор кош од најголема далечина во историјата на модерната НБА.
Инаку на 2,9 секунди пред крајот, кошаркарот на Далас Маверикс Пи Џеј Вашингтон постигна кош за водство на гостите и речиси сигурна победа. Целата сала во Кливленд замолкна а говорот на тело на играчите на паркетот беше како да е сè готово.
Но Маркус Струс не мислеше така, се залета, ја фрли топката и го погоди најлудиот кош на сезоната.
Max Struss did this for the Laker fans 🤝 pic.twitter.com/3l9TOqBuQD
— Lakers All Day Everyday (@LADEig) February 28, 2024
Струс бил во транс во последните неколку минути и за 67 секунди постигнал дури 3 од своите 5 тројки.
Победничкиот кош е втор најдалечен во историјата. Прв и натаму е Девонте Грем од Њу Орлеанс кој на 15-ти декември 2021-ва година постигнал чудесија од кош од далечина од 18,6 метри на мечот против Оклахома Сити Тандер.
Струс синоќа на крајот го завршил мечот со 21 поен и станал само четврти кошаркар за последните 25 сезони кои постигнал пет тројки во последните четири минути од мечот. Далас Маверикс на 4:48 до крајот водеше 10 поени разлика.
Најефикасен кај Кавалирс беше Донован Мичел со 31 поен, 7 скока и 6 асистенции а центарот Џарет Ален постигнал 19 поени со 9 скока.
„Не мислев дека шутот на Струс беше од толку далеку. Имав чувство како да шутна близу од мене. Со тоа што тој го направи за нас во четврта четвртина, на крај тоа требаше да го направи токму тој. Сонувате за таков кош“, рекол Донован Мичел.
Сезонава покрај Струс, вакви луди победнички кошеви во последни секунди постигнаа уште и Никола Јокиќ против Голден Стејт Вориорс и Џа Морант против Њу Орлеанс Пеликанс.
Дончиќ и Далас настрадаа поради лудачки кош со звукот на сирената