Аргентина во Сантијаго допатувала со своите најголеми ѕвезди, лидерите на европскиот шампион Реал Мадрид, Кампацо и центарот Дек. Но и покрај тоа Чиле славел 79-77.
Ова е прва кошаркарска победа за Чиле над „гаучосите“ после 1955-та година! Чилеанците до победа ги предводеле Мани Суарез кој игра за естонски Калев со 29 поени и 9 скока и Франко Моралес кој игра во домашното првенство во Чиле со 17 поени и 4 скока.
На Аргентинците за кои ова е нов сензационален пораз по оној од Хаити поради што испаднаа од учество на Олимписките Игри летово во Париз, не им биле доволни ни Габриел Дек со 20 поени и 7 скка ни Факундо Кампацо со 16 поени и 3 скока.
Интересно во еден момент куче на паркетот го прекинало мечот а после тој прекин Чилеанците направиле серија 26-11 и го решиле резултатот во своја корист:
„Гаучосите“ после 2 кола имаат по победа и пораз а следниот меч го играат дури во ноември годинава против Венецуела на домашен паркет.