Се тресеа сводови во Арена од овации за Жељко Обрадовиќ

По долгата пауза се врати кошаркарската Евролига. Партизан со убедливи 100-90 го совлада турскиот гигант Анадолу Ефес. Прв стрелец во триумфот беше Алекса Аврамовиќ со 30 поени а кај гостите Вил Клајбрн со 17 поени и 4 скока. Мечот го одбележи неверојатниот прием на Жељеко од страна на навивачите.

Тренерот на Партизан по поразот во финалето на Купот на Србија од вечниот ривал Црвена Звезда зборуваше дека му сметаат скандирањата на противничките навивачи дека тој и Партизан се државен проект. На ова жестоко реагираше претседателот на Србија Александар Вучиќ кој кажа дека „изјавата е гнасна“ и дека и обата белградски клуба добиваат помош и поддршка од државата.

Како одговор на ова, во заштита на својот тренер, навивачите на Партизан, нив повеќе од 22.000 во белградска Арена синоќа со бурни овации го пречекаа својот најсакан тренер.

По натпреварот тренерот Обрадовиќ изјави дека или ќе биде и натаму тренер на Партизан или нема да биде никаде со што уште еднаш ги освои навивачите на црно-белите кои веруваат дека екипата може да обезбеди пласман во плејофот на Евролига. 

1 март 2024 - 08:51