Украинските војници на најистурените позиции на фронтот пријавуваат дека имаат проблем со комуникацијата преку мрежата за сателитски интернет на Старлинк што сериозно ја попречува нивната офанзива.
Во рапидното напредување на украинските сили околу Харков и на истокот од земјата запленето е толку многу руско оружје (цели воени складишта) што украинската армија има воведено процедура за итно чистење од симболи, пренамена и прераспределување на руското вооружување за сопствени потреби.
Алармирањето од Западот е дека на украинските сили им истекува времето за да ја изведат последната критична битка за годинава за ослободување на територии на југот, пред временските услови на фронтот да станат невозможни за каква било поголема операција.
Деновиве војната повторно стигна до Одеса, стотици километри оддалечена од фронтот, и тоа не благодарејќи на најразличните руски ракетни системи, туку на увезените ирански камикази дронови.
Руската влада направила грешки за време на делумната мобилизација на резервниот состав, прибирајќи и тоа што смее и тоа што не смее, изјави човекот што ја нарача мобилизацијата.
Годишното производство на комплетната американската воена индустрија вообичаено е околу 30.000 155-милиметарски гранати за хаубиците што САД и ги испорача на Украина. Во борбите на фронтот украинска армија овие 30.000 гранати ги троши за околу 2 недели.
На границата меѓу двете земји има 20-километарска колона (во насока од Русија кон Грузија) каде се чека и по 40 до 50 часови, формирана во деновите откако Путин објави делумна мобилизација на руските резервисти. Башка тие што одат пешки, на точаци и слично.
Најновите крстосувачки ракети и хеликоптери на руската армија се полни со децении стара технологија од старите модели на истото оружје, покажува истрагата на остатоците од руското вооружување собрани во Украина.
Украинската армија ја почна својата офанзива и веќе притиска кон Херсон и освојува територија што со месеци беше под руска окупација. Меѓутоа ниту една педа од територијата не е евтино добиена.
Поранешниот началник на британскиот генералштаб, нема ниту една оптимистичка порака за Украинците и за крајниот исход од војната што се случува на нивна територија, само дека Украина со тек на време ќе треба да почне да се подготвува поинаку да размислува.
Во некоја од битките украински единици стигаат до руски панцир (обложена метална плоча) и новите руски шлемови. Доколку е автентично видеото, панцирот ги штити Русите од промаја и речиси ништо повеќе од тоа, а шлемот веројатно само ги поти.
Од вооружување дронот има само камера, која во живо ја пренесува снимката. Должината му е неполни 17 сантиметри и сето тоа спакувано во 33 грама. Дронот, со таа тежина и батерија, има домет од речиси 2 километра, може да лета 25 минути а максималната брзина е 17,7 километри на час.
Соединетите држави мислеа дека Авганистанците ќе се борат, а Украинците ќе се предадат. Реалноста инсистира на преиспитување на анализите што доведоа до овие заклучоци.
Украина ќе влезе во период на максимална ранливост како што традиционалниот руски сојузник, Генерал Зима, стапува на сцена а Кремљ почнува да ги стега енергетските шрафови на премрзнатите европски сојузници на Киев, пишува британски Телеграф.
Од април годинава воената поддршка на Европа за Украина е во константен пад, а минатиот месец европските воени сили им дале нула воени ветувања на властите во Киев.
Ендру Бусаманте е поранешен шпион на ЦИА кој денес работи како „консултант за приватно разузнавање“. Лекс Фридман е професор на МИТ и подкастер, роден во советска Русија од родители со украинско-еврејско потекло. Фридман се обидува на Бусаманте да му ги претстави сите човечки и хумани аргументи зошто Украина ќе и треба да победи, Бусаманте пак се држи до чиста аналитика.
„Само 30% од помошта во оружје за Украина стигнува до крајната дестинација,“ е едно од тврдењата на документарецот на Си-би-ес работен неколку месеци на терен во Украина, кој телевизиската мрежа целосно го збриша само неколку дена по објавувањето.
Минатата недела организацијата објави извештај во кој ги обвини украинските сили дека ги загрозуваат цивилите со тоа што се барикадираат во цивилни области, згради, училишта и болници, што за британски Тајмс покажува колку Амнести интернешнл станале пропагандисти на Путин.
Војната во Украина изминативе месеци и нема некои херојски битки гради во гради туку главно се троши артилериска муниција, а и така се гине, во ров, од проектил што, за разлика од војников, не си го чул или касно си го чул.
Западните санкции против Русија се најлошо осмислената и контрапродуктивна политика во модерната историја. Воената помош за Украина е оправдана, ама економската војна е неефикасна против режимот во Москва и уништува мети кои не беа планирани, пишува Сајмон Џенкинс во текстот за Гардијан.