Откако, во духот на модата, на Кристи Тиген од нафталин ѝ извадија силеџиски твитови, во истиот тој дух и три брендови ѝ откажаа љубов и прекинаа соработка.
Прво, нели е бе, малку чудно да си и монах и могул? Нели могул треба да е спротивно од монах, и обратно? Нејсе, лажговци во светот на индустријата за само-помош има да ги ринеш со лопата, ама овој пат го имаме - Џеј Шети.
Што значи да се јаваат трендови? Значи да кешираш на популарност приклучувајќи се на која и да е кауза што во моментов ја пропагираат борци за социјална правда.
Plus-size полека се претвора во mega-size и тоа ни се случува пред очи. Од едната страна притискаат активистите, додека од другата нема отпор за да не се почувствуваат запоставено после толку години запоставување. И до кај стигнавме? До промовирање гојазност.
Денешното нововоспитано интернет граѓанство не ја пушта Хилари туку така. Дали ќе им помине или ќе се префрлат на малтретирање на некој со многу помало влијание од нејзиното, останува да видиме.
Како да немаше доволно хејтери и паметњаковичи што ѝ објаснуваат со „не така - вака”, за последното видео што го снима, Никол Арбор ја бира темата - #MeToo. И не, не за кукање и поддршка. Барем не поддршка каква што повеќето инволвирани во кампањата би сакале.
Тес Холидеј, модел од метро и шеесет и 130 кила е на последната насловна на Космополитен. Едни се клањаат дека конечно се претставени во Космо, други се фаќаат за глава. Зошто реакцијата од вториве? Па ваљда нема да се правиме глупи дека 130 кила на метро и шеесет е во ред.