Последен пат се согласивме со неа околу дистинкцијата меѓу „боди позитивити” и морбидна гојазност. Претходно објавивме како објаснува дека не се мажите проблем за нееднаквоста, туку жените, (а имаме и колумна на блиска тема), плус непријатни, „у фаца” факти за тоа зошто треба да раскинеш.
Сега сме кај #MeToo.
И бивањето жртва.
И зошто тоа не е воопшто паметно.
Пред да го видиме видеото, краток вовед. Арбор се произнесе за истово во Инстаграм пост. Дека треба да се остави време да се надмине болката, дека dick pic и силување не е исто, и дека откако ќе се надмине болката и траумата, не треба да се бањаш во неа, туку треба да погледнеш и да тргнеш напред. Затоа што само така престануваш да бидеш жртва.
Меѓу сите коментари, имаше и една што се побуни, конкретно почнувајќи го обраќањето со „не сум била жртва на сексуално малтретирање и не знам, ама знам дека...”
на што Арбор одговара со „Е па, јас сум била и знам.”
на што првава не се повлекува, туку напротив, се повикува на своите мастер родови студии и не ѝ иде памет дека треба да престане. Значи, ти не знаеш, па што ако си жртва, јас знам затоа што „тоа учев школо”.
Ете такви работи се проблем, и токму тоа Арбор сака да го каже во ова видео обраќање: