Кортни Стоден, американската „малечка невеста“ за која до пред некој ден немавме слушнато (на 16 се омажила за 50-годишен), се пожали дека има 10 години стари твитови каде што Тиген во основа ѝ вика да се самоубие и дека до пред две години ја малтретирала. Тогаш напишавме „И Твитер-божествата не се безгрешни“, затоа што Криси Тиген важи за едно од најјаките нешта што му се случиле на интернетот (малку е претерано, ама па знаете каков е интернетот денес).
ТМЗ јавува дека Блумингдејлс требале да потпишат договор со Тиген за да ги продаваат нејзините садови за готвење, но се повлекле во последен момент. Тиген се извини на Твитер за грешките што ги правела, но тоа не ги спречи и Таргет и Мејсис да ја откачат.
Далеку послаба реакција од тоа што го изедоа некои други, засекогаш откажани од светот, ама реално, како што ќе каже и Никол Арбор - зошто да ја откажете Криси?
Истата таа Никол Арбор имала јавни закачки и проблеми со Криси Тиген и во лајв на Инстаграм ја нарече силеџија, ама повика да се престане со кансел културата.
„Не ја откажувајте Криси. Сум имала проблеми со неа, и тоа многу, и ми личи на патлиџан - кога ќе се налути е како лут, црвен патлиџан во фаца, ама не мислам дека треба да се откаже. Нека стои, нека ѝ се продаваат производите. Па да можеме да филтрираме кој ќе ги купи, што значи е идиот, што значи треба да го отстраниме од животот.“