И Твитер-божествата не се безгрешни

За едно такво божество важи Криси Тиген, што секогаш има спремна опаска за случаен идиот, настан од поп-културата или Доналд Трамп. Но, ова е ера на кансел-култура.

Ако сме реални, твитовите не се за оправдување. Ама се десет години стари и моментално само нејзината страна ја гледаме, не и на девојката што ја обвинува.

А се работи за личност што не сме ја разглобиле на широко вака локално затоа што не можеме па и сѐ да следиме што се случува во матните води на американската естрада.

Се вика Кортни Стоден, се прослави пред 10 години кога на свои ситни 16 се омажи за 50-годишен актер. Медиумите и светот изреагираа ужасно се разбира, ја исмејуваа, ја плукаа и си правеа претпоставки, а се работеше за изреметено девојче, желно за слава и искористено од возрасен човек, без некој да ѝ помогне.

Поточно, можеби и се обидел некој да ѝ помогне, ама не требало да добие дозвола за брак па…

Но, добро. Нејзе сега ставот ѝ е дека била искористена, а по изјавите на Криси Тиген дека е против силеџиство и омраза, реагира со „како да не, ти поарна да не си“.

„Криси не твиташе само јавно дека сака да ‘спијам во земја‘, туку ми праќаше и приватни пораки и ми кажуваше да се убијам. На пример, ‘Едвај чекам да умреш‘. Беше многу лицемерно од нејзина страна. Голема е штетата кога некој како Криси Тиген малтретира деца.“

Некои фанови на Тиген пробаа да оправдаат со „тоа е пред 10 години“, ама Стоден тврди дека ѝ пишувала до пред две-три. Последниве две-три имаше други, посериозни проблеми од Кортни Стоден.

И како за промена, не кажува ништо на темава.

Како ли интернетот ќе го реши овој слоевит проблем, каде што имаш една обожавана интернет-ѕвезда што активно твиташе против американската десница (Трамп), наспроти сега веќе порасната невеста-тинејџерка жедна за слава и тогаш и сега, а сепак од множеството жртви на злоупотреба и педофилија?

Останува да видиме.

12 мај 2021 - 11:14