Нели бе, сите тела се убави?

„Убавината не познава големини.” „Секое тело е убаво.” „Инклузивност во модната индустрија.” Зошто тогаш со дрва и камења по Бела Хадид?

Неодамна, Бела Хадид (слаба манекенка, ангел на Викторијас Сикрет) се отвори за процесот на учење да се засака себеси. А сепак, и покрај тоа што сподели дел од нејзиниот пат кон себеприфаќање, луѓе се дерат дека е одговорна за прикажување погрешни идеали за убавина пред млади девојчиња.

Знаете што ќе се случи ако некој се осмели на крупна девојка да и пише во коментар дека го прикажува дебелото како идеално?

Ќе го спалат.

Хадид се појави во видео каде што ја прикажува нејзината слаба фигура облечена во светкави костими за капење и таму зборува за периодот кога се чувствувала најубаво и здраво.

„Најубава си бев неодамна, пред две години, кога бев најздрава и имав љубов околу себе,” вели таа. „Ми беше многу удобно, и не се споредував со другите.”

Како реакција на тоа, беше нападната од сите страни, oсобено дека им отежнува на другите да прават како нејзе, односно - да не се споредуваат со другите. Еден коментар вели и „Сликава ме тера да гладувам.” Како да некој е одговорен за тоа што он ќе прави откако ќе ја види сликата.

Друг коментар се обраќа на магазинот со „можете вие подобро”, за на крај да се вклучат и нормалните со коментари од типот на „некој има вакво тело и не може да го промени, доста.” и „Доста им викате на луѓето костури, навредливо е.”

По лицемерните коментари, притисокот ја натера Хадид несмасно да го смени описот на фотографијата во опис кој рефлектира дека сите тела реагираат различно на вежбање и здрава исхрана.

Ама сепак, нели бе, сите сме убави?

Од кај тоа дека кога дебелото се прифаќа, автоматски слабото оди во ѓубре?

Каков лажен свет.

Наспроти ова, овде не смееше да се зуцне дека нешто МНОГУ не е во ред, додека не се огласи Никол Арбор.

10 декември 2018 - 17:37