Ако во Втората светска војна палење цигара во ров ноќно време беше речиси сигурна егзекуција од непријателски снајпер, на фронтот во Украина тоа е палење мобилен и врзување на ближната мобилна антена.
Резултатите се вџашувачки и само најголеми недомаќини не би се одлучиле за самостојна градба. Електраната би била отплатена после само 13 години. Домаќинска земја би требало самата да гради производни капацитети, наместо што го раскрчмува националното благо, за потоа да биде зависна од увоз. Пресметките лесно се проверуваат и се бранат. Дали ќе видиме и пресметките на тие што знаат само да распродаваат?
Прослави 150 години Heineken во ритамот што најмногу ти годи и уживај во забавата со 150 диџеи, на 5 сцени и име што кажува сѐ: DESTINATION GOOD TIMES!
Молневитата процедура со која Финска стана членка на НАТО на цел свет му покажа како глобална организација знае да биде супер ефикасна кога сака (нам ни покажа дека 30 и кусур години само нè малтретирале како шуги). Сега кога е во НАТО работите почнаа да се комплицираат.
Не викајте многу (за да не ве чујат тие што не треба), но источноевропските ставови кон војната во Украина почнуваат да се вртат во корист на Русија или барем да се оддалечуваат од Украина, пишува британски Експрес за трендовите меѓу оние во поранешната сфера на влијание на Русија.
Средното училиште Раде Јовчевски-Корчагин отсекогаш било „дом“ за илјадници ученици коишто низ неговите ходници, во училишните клупи, го стекнале своето знаење, но и другарувале и споделувале најубави спомени. Токму денешните корчагинци повторно застануваат на страната на учениците, преку хуман гест со повисока цел – спас на млад човечки живот.
Откако Русите последнава деценија значително се разработија на Северниот пол, САД изгласаа програма од 13,3 милијарди долари за заштита на американските интереси на Арктикот. Парите ги има, ама програмата заглави на тоа што не знаат како да ги направат бродовите.
Скијачкиот центар Ла Самбуј во близина на Монт Блан одлучи да ги демонтира сите ски-лифтовите и целосно да престане со работа откако минатата сезона само 4 недели имаа снег и тоа минимално. Највисоката патека во центарот започнува од 1.850 метри.
До 2022 главен извозен производ на Колумбија беше нафтата, од годинава на првото место се очекува да избие кокаинот засенувајќи го целиот останат легален извоз што излегува од земјата.
Откако дипломирала како форензички антрополог па до денес кога е во своите рани 40 години, Драгана Вучетиќ од Србија е посветена на задачата да ги идентификува жртвите од масакрот во Сребреница кој се случи пред 28 години. Затоа што анонимноста на нивните посмртни останки фрлани во масовни граници е онаа екстра казна на која ги имаат осудено нивните убијци.
Во феврари Индонезија ќе бира нов претстедател. Заминувањето на актуелниот, од народот саканиот Џоко Видодо остава празен простор а империјата не може да си дозволи тоа да мине без нејзина контрола. Уште еден крвав пуч како на времето со Сукарно/Сухарто не е опција, па ќе се оди со проверената формула: „промоција на демократијата.“
Трета година по ред нема доволно учебници. Човек не може да не помисли дека намерно прават вака (во сите области!) за да можат нивните корисни идиоти по дебатни емисии да повторуваат дека „30 години покажавме дека не нè бива“ и дека е „јасно дека не можеме сами да ги решиме проблемите.“ За потоа да бидеме подготвени да ја прифатиме секоја „прегратка“ што ни се нуди.
Европската унија се заколна дека драстично ќе го намали увозот на гас од Москва поради нејзината инвазија на Украина. Нешто подоцна, податоците покажуваат дека купувањето на течен природен гас (ЛНГ) од руско производство не само што не е намалено, туку е зголемено за цели 40%. Зборуваат против инвазијата а ги полнат џебовите на Путин.
Здраво Трендо
Ве молам да ги објавите фотографиите од паркингот што се наоѓа на превојот Ѓавато. Никој не води грижа последните 15 години за ова прекрасно место. До кога ќе биде така? Кој е надлежен? Надлежниот очигледно не е способен да управува и поради тоа треба да му се одземат ингеренциите и да ги преземе некој којшто ќе се грижи за оваа природна убавина. Гревота е за Баба планина ова овде што се случува.
Една четвртина од европските ски ресорти секоја втора година ќе бидат во минус со снег доволно за да не можат да работат, се тврди во едно опсежно истражување кое го анализира покачувањето на просечната температура за 2 степени Целзиусови.
Бугарска фирма фрла на Спотифај 500 „песни“, сите на минималец од 31 секунда, бидејќи слушање 30 секунди се смета како еден стрим. Потоа, полека- полека, без никој да забележи, прават плејлиста со тие 500 песни и почнуваат да ги „слушаат“ на рипит од 12 акаунти. Дури една година подоцна, Спотифај сфаќа дека им исплатила милион долари, затоа што биле „слушани.“
Ако Русија на толку бомбардирање на Киев ништо посебно не го наруши функционирањето на главниот град и украинската влада, тогаш Украина уште помалку предизвика какво било посериозно пореметување во Москва. Дури Украина и да ги добие посакуваните ракети, тие нема да ја решат војната. Пресудно за војната е колку Украинци се подготвени да излезат на фронт.
Зачекорете во светот на напредната технологија уште денес, заедно со неверојатната понуда на серијата Redmi Note затоа што во период од 14. август до 10. септември можете да купите Redmi 12, Redmi Note 12, Redmi Note 12S, Redmi Note 12 Pro, Redmi Note 12 Pro 5G или Redmi Note 12 Pro+ 5G по намалени цени.
Паралелно со успесите и неуспесите на руската ПВО на фронтот, руската војска тера посебна операција за откривање и уништување на залихите на западни ракети што се чуваат во Украина, на што се должат и се подлабоките напади на украинска територија.
„Денес умираат повеќе млади Американци, а не умираат од ковид-19. Зошто не бараме одговори?“ прашуваат двајца доктори во УСА Тудеј и потсетуваат дека без темелна и сеопфатна истрага, нема да се знае што е тоа што ги убива младите, уште помалку како тоа да се спречи.