- Повикот да стане дел од тимот што ќе ги исцрта новите контури на основното образование, професорот Кирил Барбареев го прифатил со многу надеж и со уште поголема одговорност. Силно верувал дека е шанса што ретко се пружа – да може однатре да го менува системот, за македонското образование да излезе од дупката во која пропаѓа 30-тина години.
- Две ипол години подоцна, не крие дека е разочаран од тоа што го гледа. Новата концепција за основното образование, на која работел заедно со уште 11 свои колеги, се загубила меѓу политичките калкулации, лошите потези на Министерството за образование и општата незаинтересираност за реформа во еден од најважните сектори во земјава.
- „Таа на некој начин е веќе пропадната. Вака како што оди, ова е далеку од реформа. Тоа не е ниту 5 проценти од она за кое јас сум верувал дека треба да биде“, искрен е професорот.
- Интернетот не е убеден дека фотографијата која ја објави поранешниот американски претседател на семејна средба за Велигден е баш автентична.
- Бајден се критикува дека ја едитирал фотографијата и се уфрлил себе на неа.
- Неприроден е контрастот како тој е формално облечен наспроти лежерноста на останатите од неговата фамилија а има таму и едно раче кое или е вишок или е во неприродна поза.
- Министерството за трговија на САД најави воведување царини до 3.521% за увоз на соларни панели од четири земји во Југоисточна Азија. Конечната одлука и висината на тарифите треба да биде донесена во јуни.
- Тарифите се реакција на субвенциите од Кина за компании во Камбоџа, Тајланд, Малезија и Виетнам, со цел да го преполнат американскиот пазар со евтини соларни плочи и да им го уништат бизнисот на американските компании.
- Овие четири земји во 2023 година извезле соларни панели во САД во вредност од 12 милијарди долари.
- Уште во првиот претседателски мандат на Доналд Трамп многу кинески компании го префрлија своето производство во соседството, за да ги избегнат тогашните царини за извоз во САД.