Жената која им дава имиња на жртвите од Сребреница

Откако дипломирала како форензички антрополог па до денес кога е во своите рани 40 години, Драгана Вучетиќ од Србија е посветена на задачата да ги идентификува жртвите од масакрот во Сребреница кој се случи пред 28 години. Затоа што анонимноста на нивните посмртни останки фрлани во масовни граници е онаа екстра казна на која ги имаат осудено нивните убијци.

Драгана Вучетиќ штотуку го завршила факултетот како дипломиран форензички антрополог кога била вовлечена во една од најтемните епизоди на модерната европска историја - идентификација на анонимните жртви на геноцидот во Сребреница во 1995 година за време на војната во Босна.

Денес е во своите рани 40-ти години и работи сама меѓу коските во мртовечницата во Тузла во североисточна Босна.

Од околу 8.000 загинати во Сребреница, околу 1.000 сè уште чекаат идентификација.

„Тоа се илјада семејства кои секојдневно исчекуваат наш телефонски повик“, ги објаснува таа сувопарните бројки во една човечка димензија.

Да се ​​најде изгубен син, татко, брат, сопруг, значи да се спасат мртвите од анонимноста во која ги фрлиле убијците. Тоа значи дека семејствата можат да имаат погреб на посмртните останки и гроб каде што ќе  ги оплакуваат своите најблиски.

Драгана посветено и педантно ги склопува пронајдените посмртни останки водејќи сметка да бидат од иста личност, што често е голем професионален предизвик бидејќи се работи за делови од тела најдени во масовни гробници кои неретко биле и неколкупати прекопувани и дислоцирани, заради стравот на убијците дека ќе бидат фатени. Проблем во точната идентифакација е и тоа што во сребреничка трагедија имаат настрадано цели машки страни од семејствата кои имаат сличен ДНК.

Секој викенд заминува во својот град во Србија а со емотивниот стрес од работата се справува со физичка активност. Порано играла тенис ама откако колегите нашле други ангажмани, трча. 

Кога ја прашуваат како е една Србинка да работи на масовните убиства на муслимани во Босна, одговара: „Јас сум антрополог, не сум српски антрополог“.

„Во Србија често се изненадуваат кога ќе слушнат што работа. Знаат да ме прашаат дал е стварно тоа во Сребреница. Се чудат кога ќе им објаснам што се случило. Не им се верува дека живееле во мрак изминативе 25, 30 години. Ние како народ не се соочивме со минатото како што треба, под тепих ставивме многу работи“, вели Вучетиќ.

 

11 септември 2023 - 14:37