Јбг, милиони Европејци навиваат за руска победа

Не викајте многу (за да не ве чујат тие што не треба), но источноевропските ставови кон војната во Украина почнуваат да се вртат во корист на Русија или барем да се оддалечуваат од Украина, пишува британски Експрес за трендовите меѓу оние во поранешната сфера на влијание на Русија.

Една анкета на Евробарометар во 2022 година веќе покажа дека низ Централна и Источна Европа, поддршката за санкции против Русија варира од највисоки од 57 отсто во Полска и 55 отсто во Естонија до најниски од 35 отсто во Словачка, 30 отсто во Унгарија и 20 проценти во Бугарија.

Во меѓувреме, податоците од словачката невладина организација ГЛОБСЕК лани покажаа дека додека тесно мнозинство луѓе во Чешка, Естонија, Литванија и Полска би сакале нивните земји да бидат дел од „Западот“, такви не се ни половина од луѓето во Бугарија, Унгарија, Латвија, Романија и Словачка.

Во поново време, од студија во Чешка дознавме дека 48 отсто од Чесите или „не се сигурни“, или се сметаат дезинформирани или пак се „силно проруски“ кога станува збор за нивните ставови за војната во Украина. Друга тамошна студија покажа дека над половина од Словаците навиваат за руска победа. Словачка е особено значајна бидејќи на претстојните избори во таа земја може да се појави битно проруска коалиција. Човекот со голема веројатност уште еднаш да стане премиер на Словачка, Роберт Фицо, најави дека „ќе ја запре испораката на оружје за Украина“.

Полска веќе го стори тоа, со објаснување дека не сакаат давеникот и нив да ги удави.

24 септември 2023 - 11:35