- Полскиот премиер Матеуш Моравјецки најави дека земјата повеќе не испраќа оружје во Украина, откако односите меѓу двете земји се влошија поради продолжувањето на полската забрана за увоз на украинско жито.
- Тој додаде дека му е жал што украинските олигарси „го протуркаа своето жито на полскиот пазар“, што доведе до пад на цената и ја натера владата да забрани увоз на жито од Украина.
- Наместо Украина, ќе се вооружуваат самите.
- Македонија остана без пристап до околу 60 милиони евра од програмата ИПА наменети за третата делница од железничкиот Коридор 8 кон Бугарија, затоа што во предвидениот рок не бил склучен договор за изградба на пругата.
- За да продолжи да го реализира проектот, Владата до Собранието достави измени на законите за заемите од Европската банка за обнова и развој и од Европската инвестициска банка од по 175 милиони евра. Не се бара ново задолжување, туку се менува начинот на спроведување.
- Според предложените измени, носител на проектот ќе биде ЈП Железници на Република Македонија, кое ќе ги спроведува тендерските постапки, ќе избира изведувачи и ќе склучува договори. Новиот тендер ќе ја опфати само изградбата на делницата од Крива Паланка до западниот портал на прекуграничниот тунел.
- Министерството за финансии во 2023 година соопшти дека за завршување на последната делница од пругата до границата со Бугарија се обезбедени 560 милиони евра од Европската инвестициска банка, Европската банка за обнова и развој, од ЕУ преку ВБИФ грант и 60,77 милиони евра преку ИПА програмата.
- Австралискиот регулатор за интернет покрена правна постапка против платформата за пораки Telegram поради „пропусти во модерирањето објави што промовираат тероризам“, за што е предвидена парична казна до 54,6 милиони австралиски долари.
- Комесарката Џули Инман Грант изјави дека од платформата не биле отстранети снимки од терористичките напади и масовните пукања во Крајстчрч во Нов Зеланд и Бафало во САД. Од евидентирани 12 објави со „протерористичка содржина“, вклучувајќи три со „терористичка содржина“, на платформата останале 10 и не биле суспендирани профилите на кои бил објавен материјалот.
- Портпарол на Телеграм ги отфрла обвинувањата. Истакна дека само во текот на оваа година платформата лоцирала илјадници екстремистички корисници и групи.
- Само еден ден претходно Москва објави меѓународна потерница по основачот и директорот на Telegram, Павел Дуров, обвинувајќи го дека неговата платформа олеснува терористички активности и напади врз Русија. И Франција води истрага против Telegram и Дуров.
- Тој се умори од отфрлање на обвиненијата. Неколку часа по обвинението од Русија, ја смени својата профилна слика на Telegram со мимот од 2017 година, на кој е прикажан како исламистички терорист.