Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Чекалната наречена Македонија

28 септември 2023
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Во центарот на Скопје е поставена „Чекална“ во која секој граѓанин може да седне на столче и да „чека“ на борба против корупцијата, повисоки плати, ефикасно судство, нови учебници за 3-то и 6-то одделение...
  • Станува збор за креативно-активистичка акција на програмата за уметнички и креативен активизам на Центарот за современи уметности од Скопје во чест на македонските граѓани кои 30 години чекаат да се случи нешто и работите да тргнат на подобро.
  • Меѓу работите кои можат да се чекаат во „Чекалната“ е и влезот во ЕУ, чистиот воздух, автопатот Кичево-Охрид, подобро здравство, запирање на градбите на мали хидроцентрали, рамни шахти, пруга кон Бугарија, нов клинички центар во Штип. „Секој може да си почека за она што најмногу му треба и она што му е најважно“, велат од Центарот.
извор

ЏД Венс: Ни Русија ни Украина не можат да напредуваат на фронтот

6 јули 2026
  • Share
  • Post
  • Американскиот потпретседател ЏД Венс изјави дека Русите не можат да постигнат речиси ништо во офанзивните операции на фронтот, ниту пак Украинците можат со своја контраофанзива да ги ослободат окупираните територии.
  • „Русите плаќаат висока цена за секој квадратен километар што го освојуваат. Сега се во ситуација каде што шансите да постигнат нешто преку продолжени офанзивни операции се занемарливи и се приближуваат кон нула. Ова би можело да го создаде просторот што ни е потребен за да го донесеме ова прашање до крај“, изјави Венс во интервју за Сандеј тајмс.
  • Фронтот, според него, е замрзнат затоа што САД и НАТО ја охрабриле Украина да се фокусира повеќе на одбраната и на исцрпување на Русија отколку да почне скапи офанзиви за освојување на окупираните територии.
  • „Ако се сеќавате на летото 2023 година, главниот спор беше дали Украина треба да се обиде со голема контраофанзива. Речиси целиот западен свет, вклучувајќи го и претседателот Бајден, извршија притисок врз Украинците да почнат масовна контраофанзива, што подоцна се покажа како стратешка и тактичка катастрофа“, потсети Венс.
извор

Иран наполни танкери со нафта, нема кому да ја продаде

6 јули 2026
  • Share
  • Post
  • Иран не може да најде доволно купувачи за својата сурова нафта пред да истече рокот за слободен извоз од 60 дена, согласно Меморандумот за разбирање со САД.
  • Техеран на 1 јули соопшти дека испорачал над 40 милиони барели сурова нафта откако САД ја укинаа поморската блокада. Но, повеќе од 20 милиони барели се во азиските води подолго од седум дена, што е зголемување од речиси 18% во однос на претходната недела.
  • Според извори на Блумберг, јасна дестинација немаат 90% од танкерите на кои се натоварени 58 милиони барели иранска нафта. Официјално се водат како „за нарачка“ или пловат кон Сингапур, со надеж дека ќе договорат извоз. 
  • Главна причина е намалената побарувачка на големиот азиски пазар, кој очекува испорака на нафта од другите земји од Персискиот Залив. Кина, најголемиот увозник на иранска нафта пред војната, го преполовила увозот на 654.000 барели. Само еден ирански танкер истоварил нафта во Кина во изминатата недела. Индија чека конечен договор и целосно укинување на санкциите за да прави долгорочни нарачки.
  • Ограничувањата на Европската Унија и Британија сè уште се на сила. „Купувачите остануваат претпазливи дека Вашингтон би можел повторно да воведе санкции ако преговорите пропаднат“, изјави американскиот министер за финансии Скот Бесент.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Дискутабилни совети за бавча

Балканштина
2

Земете ѝ ја возачката пред да утепа некого

Македонштина
3

Вимблдонска утопија

Мешано
4

Ќе нè научат ли странците да ја сакаме?

Македонштина
5

Супер натпревар на Ацтека, Англија со играч помалку оди во четвртфинале

Фудбал
6

Иран наполни танкери со нафта, нема кому да ја продаде

7

БЈР Матрикс

Разно
8

Музеј на современи вазали

Македонштина
1

Иран наполни танкери со нафта, нема кому да ја продаде

2

Новите руски војници во просек преживуваат 35 минути борба на фронтот

Свет
3

Питер Тил се мисли поголем милијардер од Папата

4

На Трамп не му се верува дека милиони Иранци плачат по ајатолахот

5

Трамп дели правда и на Светското првенство

6

Зелениот кинески ѕид околу пустините расте побрзо од другите шуми

Разно
7

Врховниот суд ги заштити трујачите со хербициди од тужби на болни од рак

Здравје
8

Европа станува бастион на цензурата

Медиуми
* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Ќе нè научат ли странците да ја сакаме?

Балканштина

Дискутабилни совети за бавча

Македонштина

Земете ѝ ја возачката пред да утепа некого

Македонштина

Музеј на современи вазали

Македонштина

Да одиме, да се напраиме расол

Балканштина

Татковска лага во име на виша кауза

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

40% џабе се мачкате

Ах, таа чудесно исчашена Македонија

Комисиски упатства за лекторирање

Службени песни на македонското здравство

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy