Во очигледен инает на САД, а во корист на Москва, Саудијците е најавено дека ќе објават значително кратење на производството на сировата нафта како би ја зголемиле нејзината цена на светските берзи.
„Војната во Украина има повеќе плусови отколку минуси“, пренесува Ројтерс едно бизарно мислење на темава. Да сме цинични, би помислиле дека не постои тема или проблем кои некои не можат да ги жртвуваат на олтарот на желбата оваа војна во Украина да се води до последниот локалец, па и пошироко.
Деновиве војната повторно стигна до Одеса, стотици километри оддалечена од фронтот, и тоа не благодарејќи на најразличните руски ракетни системи, туку на увезените ирански камикази дронови.
Теофил Панчиќ им посакува добредојде на Русите кои бегајќи од војната одбраа да дојдат во Србија но им дава и пар драгоцени потсетувања: овде луѓето ни се браќа сè додека тоа не нè обврзува на ништо конкретно а нај браќа се кога се далеку.
Руската влада направила грешки за време на делумната мобилизација на резервниот состав, прибирајќи и тоа што смее и тоа што не смее, изјави човекот што ја нарача мобилизацијата.
Притисокот од кинескиот претседател Ши Џинпинг, а не украинската контраофанзива, е причината зад неодамнешните одлуки на рускиот претседател за мобилизација и референдуми, тврди негов поранешен советник.
Годишното производство на комплетната американската воена индустрија вообичаено е околу 30.000 155-милиметарски гранати за хаубиците што САД и ги испорача на Украина. Во борбите на фронтот украинска армија овие 30.000 гранати ги троши за околу 2 недели.
За поранешниот министер за одбрана на Полска, Радек Сикорски, нема дилема кој стои зад саботажата на Северен тек. Варшава се огради од ова непријатно адресирање, но, не беше толку одамна кога Бајден се закани дека „Ако Германија, пардон Русија“ (стариот ништо од прва не може да убоде) влезе во Украина, ние ќе му ставиме крај на Северен тек.
Поранешниот вработен на американската НСА и уште малку 1-децениски бегалец, по неполни десет години азил во Русија вчера и официјално доби руско државјанство со декрет на рускиот претседател.
За време на војната, руски и украински преговарачи тајно се состанале и некако скицирале решение за ставање крај на војната. Само што Бајден не бил задоволен а Борис Џонсон подоцна му објаснил на Зеленски: Дури и Украина да е подготвена за некои гаранции за Путин, Западот не е.
Еве, рокнала. А веќе имате пуштено бојлер и глупо ви е со немиена коса да се појавите на куќен совет на кој ќе се утврдува кој е крив што подрумот, пред многу години, е издаден на некои приватњаци кои никој не ги знае. Додека под туш го конципирате својот настап на состанокот, знајте го и ова.
На 22 септември 2022 година, заедничката европска валута го допре дното и достигна историски низок рекорд во однос на доларот во изминативе две децении. Едно евро денес вреди 0.981 долар. Ломови има и кај други валути, освен кај доларот и рубљата. Ви текнува?
На Украина ѝ треба стакло. Ѝ треба многу стакло и очајно брзо. Не се работи за стаклото како сировина за некое тајно оружје против Русите. Се работи за тоа што доаѓа зима а многу прозорци се искршени во битките и експлозиите. Да ја имаат Марија Антоанета, би рекла: Ако немаат џамови, нека ставаат кепенци.
После првиот Топ Ган, Том Круз рече дека би било неодговорно да снима продолжетоци на тој филм, за младите да не помислат дека во реалноста е како на филм. Три децении подоцна, Том Круз сними - Топ Ган. Пентагон повторно великодушно дочека продолжение на еден филм кој минатиот пат им го зголеми бројот на регрути за 500%.
Анализа на твитови во врска со Украина покажала дека не постои моќна руска Бабарога која прави р’шум по социјални медиуми ловејќи невини западни души. Проукраинските твитови се далеку побројни. Меѓу другото и затоа што проруските се забранувани. Но, не е само тоа.
Повеќето од организациите за проверка на факти со кои Фејсбук соработува за следење и регулирање на информациите за Украина, се директно финансирани од американската влада, или преку американските амбасaди или преку контроверзниот Национален фонд за демократија (НФД).