- Откако беше критикуван што за војната во Украина ѝ пишал само на Олена Зеленска (види овде), Роџерс Вотерс реши да сподели и што му има пишано на Владимир Путин.
- Ако на прашањето „Дали сакате да ставите крај на оваа војна?“ кажете „Да“ тоа веднаш би ги олеснило работите“. „Ако излезете и порачате дека Руската федерација нема други територијална интереси отаде безбедноста на луѓето што зборуваат руски во Крим, Донетск и Луханск, и тоа би помогнало“, пишал Роџер Вотерс .
- „Знам, знам, САД и НАТО без многу мислење знаат да нападнат суверени земји, макар за некој екстра барел нафта, но тоа не значи дека треба и вие така. Вашата инвазија на Украина комплетно ме изненади, тоа е грозен акт на насилство, без разлика дали е провоциран или не“, пишал човекот од Пинк Флојд.
- По писмото до Зеленска и други произнесувања за војната во Украина, Полска му ги откажа концертите на Вотерс закажани за пролетта 2023. Ама затоа, еве го вчера во ЛА.
- Илјадници демонстранти кои бараат оставка од премиерот Еди Рама се судрија со специјалната полиција на централниот плоштад „Скендербег“ во Тирана, токму на Денот на независноста на Албанија.
- Демонстранти, кои пристигнале од целата земја, фрлаа камења, сигнални ракети и димни бомби кон кордоните и владините згради, а полицијата возврати со солзавец и водени топови.
- Според Министерството за здравство, повредени се најмалку осум луѓе, вклучувајќи полицаец и двајца новинари.
- Бранот незадоволство во Албанија почна крајот на мај, поттикнат од плановите за изградба на луксузен туристички комплекс во јужниот дел на земјата – проект поврзан со фирма основана од Џаред Кушнер, зетот на американскиот претседател Трамп.
- Низ месеците протестите се проширија во бунт против корупцијата во владата, растот на трошоците за живот и ограничените можности. Во изминатите неколку недели беа запалени банки, судови и владини згради.
- Студентите сега повикуваат на уште помасовни демонстрации се до оставка на премиерот Рама, кој е на власт од 2013 година. Група студенти, професори и претставници на дијаспората најавија основање на нова политичка партија „Обединети за Албанија“, со цел да постигнат промени преку институционални средства.
- Парламентот на Аргентина изгласа закон со кој ѝ се забранува на Централната банка да печати пари за да ги покрие владините трошоци. Банката е ограничена на својата основна мисија да ја одржува вредноста на националната валута.
- Ова е еден од клучните чекори во стратегијата на претседателот Хавиер Милеи да ја запре инфлацијата, која во времето на претходната администрација во 2023 година надмина 200%.
- Под водство на Милеи, Аргентина ги намали владините расходи и инфлацијата, но се зголеми сиромаштијата.
- „Заврши времето на Централната банка која финансираше политичка кражба преку печатење пари. Заврши монетарната катастрофа во Аргентина. Завршија 91 година измами“, соопшти претседателот.