Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Путин официјализираше анексија на 4 украински региони

30 септември 2022
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Владимир Путин прогласи анексија на Луганск, Доњецк, Херсон и Запорожје, припојувајќи кон Русија 15% од територијата на Украина.

  •  „Луѓето од овие региони донесоа одлука. Резултатите од референдумите се добро познати, тоа е волјата на милиони луѓе“, кажа Путин на церемонија во Москва.

  • Анектираната територија има површина од 90.000 квадратни километри, што е рамно на Португалија или Унгарија.

  • „Сакам на Киев и на Западот да им порачам дека оние кои живеат во Донбас ќе бидат руски државјани засекогаш. Единствениот начин да има мир е властите во Киев да го почитуваат тоа и да се вратат на преговарачка маса. Русија ќе ги штити своите земји со сите расположиви сили и ќе ги обнови градовите, селата и инфраструктурата“, порача рускиот претседател.

 

извор

Мирните протести во Србија финишираа со инциденти

28 јуни 2025
  • Share
  • Post
  • На Славија во Белград денеска се одржаа масовни протести на кои повикаа „студентите во блокада“ на белградскиот Универзитет чие главно барање сега е да се распишат вонредни избори. 

  • По завршувањето на официјалната програма на собирот на кој на собраните граѓани им се обратија неколкумина говорници, меѓу кои ректорот Владан Ѓокиќ, кошаркарската легенда Дејан Бодирога и други, дел од народот се разотиде но еден дел од луѓето се обидоа да дојдат до Пионерскиот парк кадешто се наоѓаат „студентите кои сакаат да учат“, при што дојде до вербални пресметки и кошкање со полицијата.

  • Денешниот Видовденски протест на кој власта беше „прогласена“ за нелегитимна, беше помалку посетен од импресивните протести на 15 март (види: Белград полн, преполн). 
  • Претходно, токму од фамозниот Ќациленд, Александар Вучиќ порача дека студентите веќе победиле а блокадерите изгубиле.
  • И опозиционите кругови и Вучиќ најавуваа дека по завршувањето на протестот може да дојде до насилства.   
  • Како и во сите слични острастени ситуации, најгласни се идиотите кои сите што нема да им се придружат, ги прогласуваат за непријатели.
извор

Повлечена е номинацијата на Доналд Трамп за Нобелова за мир

28 јуни 2025
  • Share
  • Post
  • Украинскиот парламентарец ја повлече својата номинација на американскиот претседател за Нобелова награда за мир, која ја поднесе минатиот ноември. 
  • Олександр Мережко, шеф на украинскиот парламентарен комитет за надворешни работи вели дека „изгубил секаков вид верба и надеж“ во Трамп и неговата способност да постигне договор за прекин на огнот меѓу Русија и Украина.
  • Нобеловата награда за мир одамна е комромитирана титула. Ја имаат добиено Хенри Кисинџер (види: (Донт) Кил Кисинџер) и Барак Обама, и тоа само неколку месеци по стапувањето на функцијата, без никакви конкретни постигнувања во мировните процеси

извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Српски солзи за гирото

Балканштина
2

Душан, барај да го тргнат клипов од интернет

Фудбал
3

Турист скокна во Мостар, локалци го изребрија

Балканштина
4

Сефте со шаторот од ТЕМУ

Онака
5

Електричните тротинети се 13 пати поопасни од точаците

6

Штета што Путин мора да ги потсети

Разно
7

Британците 20 години бркале руски крт во МИ6

Свет
8

Кокаинските линии уриваат рекорди

1

Електричните тротинети се 13 пати поопасни од точаците

2

Британците 20 години бркале руски крт во МИ6

Свет
3

Кокаинските линии уриваат рекорди

4

Телеком Италија ги купи „Сказните на Биби“

5

Мирните протести во Србија финишираа со инциденти

6

И Тексас не е најзадоволен од Трамп

Свет
7

Северноатлантски кафез

Мислења
8

ЕУ треба да престане да се преправа дека сака да ги прими државите од западен Балкан

Мислења
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

И Словените имаат свои Резервоар догс

Македонштина

За некои патриоти потребна е обука

Македонштина

Граѓанско новинарство

Балканштина

Две вистини за иста куќа

Балканштина

Или скроз нова или никаква

Македонштина

Се придружуваме кон радоста

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Дарко Митревски: Засекогаш моја. Никогаш Северна!

Најлошото помина. Најлошото допрва нè чека. Што не ви е јасно?

Не им трубете на стари луѓе

Автохтони градски видови: Ранета газела

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2025 off.net.mk |  Privacy Policy