Истото она што ги тера луѓето да се јавуваат на отворените телефонски линии во телевизиските програми каде дури и водителот ги слуша со половина уво, ги тера и постојано да коментираат под туѓи постови, без оглед на темата. Некои луѓе едноставно се чувствуваат обврзани да имаат став и мислења за сите горливи прашања, и нив да ги искажат во форма на неконструктивно мрчење.
Анализа на тоа до што доведе некогаш клучниот слоган на американските протести за дефундирање на полицијата, еквивалент на овдешниот „Нема правда, нема мир.“ Сега таму размислуваат како полицијата да се „рефундира.“ Овде е поинаку, овде дојде правда.
Кина важи за земја која што е добар организатор на големи, масовни настани, особено во спортот, но овојпат една епизода малку ги измести од железната дисциплина. За време на трката слалом во алпско скијање, Бугарката Ева Вукадинова мораше да излезе од патеката зошто еден работник на скии во целост ја изремети.
Кошаркарите на ЛА Лејкерс продолжија со бледите партии, па синоќа изгубија 107:105 и од ослабениот Портланд кој играше без неколку играчи меѓу кои и Лилард. Леброн Џејмс единствена светла точка кај езерџиите со 30 поени. Во еден момент незгодно го поткачија во еден дуел, па искористи да седне меѓу навивачите во први редови.
Садио Мане и неговиот Сенегал апсолутно заслужено стигнаа до пехарот на Купот на Африкански нации. Играа одлично, отворено, напаѓачки на гол повеќе и на крајот им се насмевна и среќата: на пенали во финале го урнаа најтрофејниот Египет. Но една приказна поврзана со јунакот на Сенегал се шири по светот.
73-та е годината кога Скопје го добива Градскиот трговски центар. По неколку месеци работа Радио-телевизија Скопје оди да поразговара со вработените во трговскиот, и што им оставило најголем позитивен и негативен впечаток во годината.
Англискиот ФА Куп е најстарото фудбалско натпреварување на светот. Во овој турнир учествуваат стотици тимов од фудбалската пирамида, а први стартуваат оние од најнизок ранг. Со тек на време доаѓаат и големците од Премиер лига и Чемпионшип, ама секоја година има некоја „нагазна мина“ од четврта, петта, шеста лига кој прави сензација.
Јапонски научници користат суперкомпјутер за да откријат дека муабет на пола метар дистанца без маска е речиси без промашување гарантирано заразување со омикрон.
Зимските олимписки игри ни носат прекраска спортска приказна, која може да биде голема мотивација и стимул повеќе за секој кој предвредеме ќе рече „не можам“.
Данило Ињатенко има 24 години. Со фудбал се занимава од 2009-та година. Играл во матичниот Металург Запорожје, па после доаѓа во Шахтор Доњецк каде не доби ниту една шанса и го праќаа на позајмици во други клубови.
Навивачите и фудбалерите на Ренџерс ќе треба што поскоро да го заборават дебаклот на Селтик Парк. По заминувањето на тренерот Стивен Џерард во Астон Вила, Ренџерите паднаа во форма а Селтик е во победничка серија и на табелата сега води со 1 бод повеќе. А коментаторот на клупската ТВ на Ренџерс, Том Милер како да пренесуваше од гробишта.
Иако не се работи за некој директен прекршок, руската редакција на ДВ на крај заврши на отстрел како одмазда за гасењето на германската верзија на руската РТ.
Зимските Олимписки Игри одамна се потпомогнати од вештачки снег. Целата приказна почнува од 1980-та и ЗОИ вои Лејк Плесид во Њујорк кога организаторите решиле да користат машини за испуштање вештачки снег зошто зимата била сува.
Како мајка ѝ и баба ѝ пред неа, Гиневра Кинг го добива името по портретот на Гиневра де Бенчи на Леонардо да Винчи. И уште паралели можат да се повлечат: Доаѓа од огромно богатство и запаметена е по тоа како ја овековечил еден од најславните креативци на една ера, во нејзиниот случај, Ф. Скот. Фицџералд.
Позајмуваме од „Драгата Савета“ на TheCut: За работата што ја мразиш и опциите што ги имаш. Го бираме писмото затоа што неодоливо потсетува на нашево поднебје.
Егзекуцијата се случува во 1915 и во неа се убиени 47 муслимани војници на британската армија оддалечени преку половина свет од битките што Британците ги водат со Османлиите.