Бајката на петтолигашот кој стигна до осминафинале на ФА Куп

Англискиот ФА Куп е најстарото фудбалско натпреварување на светот. Во овој турнир учествуваат стотици тимов од фудбалската пирамида, а први стартуваат оние од најнизок ранг. Со тек на време доаѓаат и големците од Премиер лига и Чемпионшип, ама секоја година има некоја „нагазна мина“ од четврта, петта, шеста лига кој прави сензација.

Сигурно ниту најстраствените обложувачи никогаш не слушнале за Борем Вуд. Не слушнале макар до неделата попладне кога овој непознат, анонимен петтолигаш на гости го совлада довчерашниот премиерлигаш Борнмут кој и сезонава сериозно конкурира за враќање во Премиер лига.

Интересно Борем Вуд е тим којшто во англиската Национална лига (петта дивизија по ранг) не изгубил уште од октомври во сите натпреварувања.

А сега момците од клубот кој игра на стадионче за 4.500 гледачи во градот Бореамвуд (околу 31.000 жители) во јужна Англија направија уште еден подвиг, го елиминираа далеку поголемиот Борнмут и го дознаа следниот ривал. Во 5. рунда ќе играат против премиерлигашот Евертон и тоа на гости.

Капитенот на Борем Вуд, 37-годишниот Марк Рикетс синоќа излезе на терен со мала повреда но и покрај тоа го реши мечот на стадионот „Виталити“ со шут од далечина во 38’ минута. После тој гол гостите се бранеа херојски, до крајот ја сочуваа мрежата и направија големо чудо.

Интересно, иако просечната гледаност на домашни натпревари на Борем Вуд е 900 гледачи, во неделата во Борнмут отпатувале дури 1.400 нивни навивачи.

Досега ова тимче од таканаречената Non-league (аматерска дивизија) одигра 5 меча во ФА Купот, постигна 10 гола и не прими ниеден. И покрај тоа што „карамелите“ ќе бидат огромен фаворит, клубот Борем Вуд може да биде презадоволен од досегашните изданија зошто од тој меч ќе приходуваат премии за тв права во висина од нивниот цел годишен буџет.

Но да не се заборава и мечот на Челси со нисколигашот Честерфилд каде „сините“ едвај спасија жива глава во продолженија иако играа со прв тим и силен состав. 

Менаџерот на екипата, Лук Гарард има само 36 години а веќе шестипол години го води Борем Вуд од клупата. Кога тој станал тренер на тимот, во исто време станал и најмлад менаџер во петте најдобри лиги во Англија. Гарард претходно играл за овој клуб и запишал 140 настапи за шест години.

Екипата е составена од искусни играчи. Најмладиот член е голманот Тај Ешби-Хамонд со 22 години. Одбрабените фудбалери Вили Еванс, Дејвид Стивенс, Џамал Фајфулд и Олувафеми Илесанми имаат 30+ години. Мајкл Рикетс им е највозрасен соиграч со 37 години.

Ова е со сигурност најголемата победа во 74-годишната клупска историја на Борем Вуд.

Богатиот меч со Евертон на гости е одлична награда за целиот труд на претседателот на ова мало клупче, Дени Хантер кој во време на локдаун кога фудбалските клубови поминуваа низ сериозна криза, ја продал куќата со цел клубот да опстане.

Тренерот на Борнмут кој е трет во Чемпионшип и на одличен пат да се врати во Премиер лига, Скот Паркер вели дека не му останува ништо друго освен да му честита на Борем Вуд.

Во неделата шестолигашот Кидерминстер за малку ќе направеше големо чудо откако го држеше Вест Хем до крај, па чеканите едвај во продолженија славеа со 2-1.

Исто и европскиот првак Челси кој се спасуваше против третолигашот Плимут Аргајл и победи исто 2-1 во продолженија. Изненадување на викендот направи Мидлзборо кој на пенали го победи големиот Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“ и го елиминираше од ФА Купот.

Во 5. рунда ќе играат:

ЛУТОН - ЧЕЛСИ
КРИСТАЛ ПАЛАС - СТОУК СИТИ
ПИТЕРБОРО ЈУНАЈТЕД - МАНЧЕСТЕР СИТИ
ЛИВЕРПУЛ - НОРИЧ
САУТЕМПТОН - ВЕСТ ХЕМ
МИДЛЗБОРО - ТОТЕНХЕМ ХОТСПУР
НОТИНГЕМ ФОРЕСТ - ХАДЕРСФИЛД ТАУН
ЕВЕРТОН - БОРЕМ ВООД

Сите натпревари ќе се играат во понеделник на 28 февруари.

7 февруари 2022 - 13:28