Низ годините, во текот на предупредувањата за глобално загревања, официјалните лица се повеќе се потпираат на вештачки снег кој се исфрла во облик на мали топки. Околу 80% од снегот на патеките во Сочи, Русија за време на Зимските Олимписки Игри 2014 биле вештачки. Четири години подоцна, во Пјонгјанг во Јужна Кореа, имало околу 90% вештачки снег за натпреварувачите.
Денес започнуваат и Игрите 2022 во Пекинг каде секоја педа снег за скијачите и сноуборд турнирите ќе биде вештачка.
Градот Жангџикао, на околу 160 километи северо-западно од Пекинг, град кој ќе биде домаќин на скијање слободен стил, сноуборд, биатлон, ски скокови и крос кантри натпреварувањата, е студен исто колку што е студен и Јанцин, град 80 километри оддалечен од Пекинг кој ќе биде домаќин на најголемите ѕвезди во алпско скијање.
Овој регион имал недостиг на вода и е сув, а зимно време има по некоја ситна снежна прашина. При кандидатурата Кина забележала дека ќе им треба армија снежни машини и околу 49 милиони галони вода за да ги спреми снежните топови за вештачки снег.
Но по се изгледа ќе треба многу повеќе вода, околу 528 милиони галони, пишува Блумберг, а Вашингтон Пост додава дека „да се покрие реон од 60 на 60 метри со 15 сантиметри снег потребно е повеќе од 74.600 галони вода“.
Во Јанцин, градот домаќин на најдобрите скијачи на овогодинешните Зимски Олимписки Игри ќе треба околу 1,2 милиони кубни метри снег.
Реномираниот Спортс Илустрејтед пишува дека околу 170 снежни топови со вентилатори и 30 снежни топови без вентилатори „работат како саат“ на патеките. Во иднина ова би можело да биде норма.
Едно истражување од 2018-та дошло до сознание дека само осум од 21 град кој претходно бил домаќин на Зимски Олимписки Игри би можел да биде доволно студен до 2100-та година. Правењето вештачки снег може да создаде дополнителни предизвици на падините, пишува Quartz.
Даниел Скот, од Универзитетот во Ватерло, автор на студијата од 2019-та, забележува и голем број откажани тренинзи и жалби на спортистите за недоследните и небезбедни услови во руски Сочи.