Една смешна кратка сторија за фудбалер од Украина во Франција

Данило Ињатенко има 24 години. Со фудбал се занимава од 2009-та година. Играл во матичниот Металург Запорожје, па после доаѓа во Шахтор Доњецк каде не доби ниту една шанса и го праќаа на позајмици во други клубови.

Игњатенко меѓу соиграчите и тренерите имал прекар „украинскиот Вини Џонс“, а сите паметиме кој беше Вини, најголемиот касапин во историјата на англискиот клупски фудбал.

Данило Ињатенко го заработил овој надимак поради грубата игра на раб на инцидент, поради жестоките стартови и тешки фаули.

Во Бордо дошол на позајмица во јануари годинава до крајот на сезоната. На промоцијата дошле пар новинари а некој го прашал и за грубата игра. „Не можам да ветам дека нема да добивам картони“, се насмеал Ињатенко во шега со новинарите.

Во 23. коло од француската Лига 1, Данило дебитира за Бордо против Ремс на гости каде губат со 5-0, а тој само седум минути откако влегува во игра од клупата за резерви добива директен црвен картон. Па, цар.

7 февруари 2022 - 10:41