Ја избркаа од фудбалски тим, реши да се појави на сајтот за возрасни Онли Фанс

Фудбалскиот па(д)т на Медлин Рајт, некогашната фудбалерка, десен бек на женскиот тим на англиски Чарлтон.

Во 2020-та година во англискиот женски фудбалски клуб Чарлтон избил мал скандал: на интернет се појавило нестандардно видео со десниот бек на тимот, Мадлен Рајт. Таа на видеото се гледа како пиела шампањско додека вози Range Rover и вдишувала хелиум.

Женскиот фудбалски клуб Чарлтон не и го простил таквото недолично однесување на Медлин Рајт и ја избркал од составот. Медлин на 23 години останала без фудбалски клуб иако важи за прилично талентирана фудбалерка.

Целиот скандал, новинските натписи како и атрактивниот изглед на Медлин придонел луѓе од целиот свет да се заинтересираат за нејзиниот случај.

ТЕШКО Ѝ ПАДНАЛА РАЗДЕЛБАТА СО ЧАРЛТОН

Медлин Рајт на почеток била во центар на вниманието но никој не зборувал само за фудбал. Таа повеќе од една недела ја чекала одлуката на клубот. И се јавил тренерот и и кажал дека нема никакви шанси да остане во тимот.

„Бев млада и многу палава. Тогаш не сфаќав во каква положба се наоѓам. Не разбирав каква е одговорноста. Клубот ми беше како семејство и нивната одлука ми го скрши срцето. Ми беше многу тешко после раскинот на договорот.

Не знаев дали уште можам да играм фудбал. Ќе има ли некој што ќе сака да потпише со мене? Бев спремна да играм аматерски фудбал. Во еден момент сфатив колку луѓе сум подвела со таа постапка (да се снима додека пие шампањ, вдишува хелиум додека вози). Порано носеа деца да ги тренирам и тие ме гледаа со восхит. Се чувствував крива пред цел свет“, рекла Медлин.

ОСТАНАЛА БЕЗ ФУДБАЛ, АМА УТЕХА НАШЛА НА ИНСТАГРАМ

Поради скандалот Медлин Рајт стана ѕвезда на таблоидите. Нејзините профили на социјални мрежи биле бомбардирани со следбеници. На Инстаграм за неколку месеци од 20.000 стигнала до 200.000 следбеници. 

Набрзо добила понуди за реклами од разни агенции.

„Многу се кривев себеси но тоа видео ми отвори врата во други области. Ме контактираше еден бренд за облека. Сакаа да работат со мене, ми предложија реклама на копачки за фудбал. Неколку пати ми спомнаа и за бикини. Тоа беше чудно.

Но луѓето мене ме мразеа на друштвените мрежи. Викаа дека треба да се срамам што не сум веќе фудбалерка зошто тимовите веќе не ми нуделе ништо. Имав чувство дека фудбалскиот свет ме мрази. Но најдов нов“.

МАДЛЕН ВЕЌЕ ЗА НИШТО НЕ ЖАЛИ, ЗАРАБОТУВА ПО 600.000 ЕВРА ГОДИШНО

Понуди за реклами и снимања и стигнувале се повеќе и повеќе. Рајт отишла уште подалеку. Отворила страна на OnlyFans, сервис каде за пари може да се гледаат сокриени фотографии и видеа. Членство на нејзиниот профил може да се добие за 30 евра и девојката брзо го освоила аудиториумот.

„Мојата главна причина за тоа не беше репутацијата. Никогаш не сум сакала да ме поврзуваат со такви работи. Тоа беше голем проблем. Но подоцна веќе можев да си купам нов стан. И сфатив дека има можности да изградам империја“.

Таа за една година на ОнлиФанс заработила околу 600.000 евра. 

23-годишната Медлин објавува фотографии и видеа во бикини, во долен веш и во фудбалски дресови. Има околу 17.000 лајкови на страната и го завзема шестото место на списокот најголеми ѕвезди на платформата. Лидер таму е поранешната шампионка од УФЦ Пејџ ВанЗант. Таа им 1,2 милиони лајкови.

Но, Медлин Рајт и покрај успешната кариера, се уште сонува еден ден да се врати и пак да шпарта по фудбалските терени.

„Не сакам да лажам, тоа ми го смени животот. Можам сега да патувам по светот и да уживам во раскошот. Човек се учи на грешки и затоа после гледаш светло на крајот од тунелот. Мое најважно мото е дека секогаш можеш да почнеш од ново. Планирам да го направам тоа“.

10 февруари 2022 - 10:59