ЗОИ 2022 е уште еден голем спортски настан во текот на глобалната вирусна пандемија која започна од Кина, земја во која безбедноста и претходно а и сега е на највисоко ниво. Спортистите се во таканаречен „меур“ или „балон“ во Олимпиското село, а во посебен хотел ќе престојуваат сите позитивни случаи меѓу спортистите, тренерите, судиите, волонтерите.
На ЗОИ 2022 во Кина ќе настапат окоу 2.900 спортисти од преку 90 земји. Уметнички директор на големото свечено отворање на Игрите и овојпат ќе биде легендарниот кинески режисер Жанг Џиму (лауреат на Кански и Венецијански фестивал, три пати номиниран за наградата Оскар) кој подготвил спектакуларно отворање на олимписката манифестација, како и во Пекинг 2008.
Дебитантско учество на Зимски Олимписки игри ќе имаат Саудиска Арабија и Хаити.
По проценка на домаќинот, организаторите очекуваат околу 150.000 посетители кои би ги гледале натпреварите од трибините. Поради актуелната Ковид ситуација Кина реши да има само домашни гледачи, без присуство на странски навивачи.
Пред четири години на Зимските Олимписки Игри во Пјонгјанг имаше над милион гледачи на сите турнири во сите спортови.
Цели Зимски Олимписки Игри во Кина ќе бидат со вештачки снег
Сега гледачи ќе има само во Пекинг и Цангџијаку а капацитетот на сите гледалишта ќе биде ограничен на 30%. Влезници нема да има туку самиот организатор ќе ги доделува по избор.
Олимписките игри потекнуваат од Античка Грција. Постои верување дека првите ОИ се одиграле 800 години пред нашата ера.
Првите модерни ЛОИ датираат од 1896-та а првите Зимски Олимписки Игри се одиграни во 1924-та.
Премиерните Зимски Олимписки Игри се играле единаесет дена и тоа во францускиот град Шамони на Алпите, денес познато туристичко место за скијачи од целиот свет.
На првите ЗОИ имало 250 спортисти од 16 различни земји во 16 разни дисциплини. Најмногу медали собрале Финска и Норвешка, ден-денес најактивни земји на Зимските Игри.
До овогодинешните ЗОИ во Кина, домаќини биле десет разни земји во 18 различни градови ширум Европа, Азија и Северна Америка. Останатите континенти очекувано поради потоплата, летна клима, никогаш не биле домаќини на ЗОИ.
На Зимска Олимпијада низ историјата се појавиле 103 земји а само 12 земји учествувале на сите од првата до ден-енес: Шведска, САД, Канада, Австрија и Норвешка се земји со најдолго учество на Зимски Олимписки Игри.
Најтрофејна земја од ЗОИ е Норвешка.
ЏЕКИ ЧЕН ГЛАВЕН
Во промоција на Зимските Игри 2022 во Пекинг главен лик е Џеки Чен, епскиот актер кој се појави со олимпискиот факел кај Кинескиот ѕид кој е во близина на Пекинг.
Нему друштво му правеа неколку познати кинески олимпијци кои освојуваа злато низ годините. Чен во разговор со новинарските екипи изјавил дека ова се негови четврти Олимписки Игри.
Отворањето ќе биде попладнево на култниот стадион „Птичје гнездо“, спортски храм кој е единствен на светот во кој се отвориле и Летни и Зимски Олимписки Игри.
Церемонијата во Пекинг ќе биде во знак на кинеските знаци а симболично спортистите од Грција ќе бидат први кои ќе влезат на модерниот „Олимписки стадион“. Следни домаќини на ЗОИ ќе бидат градовите Кортина и Милано во 2026-та така што делегацијата на Италија ќе биде претпоследна која ќе влезе на стадионот. Последни ќе продефилираат спортистите од Кина како домаќини.
КОИ СЕ МАКЕДОНСКИ ПРЕТСТАВНИЦИ?
Македонија на ЗОИ 2022 ќе има тројца претставници: Дардан Дехари, Ана Цветановска и Ставре Јада. Дехари ќе биде знаменосец. Дехари ќе се натпреварува во алпско скијање, Цветановска и Ставре Јада во нордијско трчање.
Цветановска ќе настапи 5 и 10 февруари, Јада на 8 и 19 февруари, додека Дехари ќе настапи во слалом на 13 февруари и во велеслалом на 16 февруари.