Universal Music ќе ги повлече своите милиони песни од ТикТок откако преговорите на оваа тема пропаднаа. Се разбира, се работи за пари. Овој потег би значел дека социјалната платформа повеќе нема да има пристап до песни на артисти како Тејлор Свифт, The Weeknd, Дрејк.... Тие држат околу 30 посто од светската музика а ТикТок има над милијарди корисници.
Четири години по набавката САД и понатаму е упорен дека Турција треба да се откаже од рускиот С-400, а стимул за тоа е дека Вашингтон ќе се прави како ништо да не било и пак ќе ги вклучи Турците во Ф-35 програмата.
Легендарниот италијански напаѓач успеа да остане концентриран и да гледа во амблемите на клубовите, според кои треба да погоди за кој играч се работи. Заврши со 4/4.
Фудбалерите на Ливерпул играат во страшна форма а доказ за тоа е и триумфот од 4-1 над Челси во дербито на Премиер лигата. Сините ги отвори Диого Жота со фантастичен соло продор уште во 23’ минута. А сите зборуваат и за 20-годишниот бек на Ливерпул Конор Бредли кој го постигна вториот гол, имаш и две асистенции и заслужено беше играч на мечот, вторпат во само три дена!
Првиот човек на норвешките вооружени сили предвидува дека Западот има две до три години за да се подготви за војна со Русија, Трамп победува на Њу Хемпшир, а Путин кон крајот на минатата недела се појавува во Калининград, сето ова аналитичарот на Телеграф го смета за причина што Британија за прв пат по децении е преплашена од започнување на Трета светска војна.
Како што блокадата на Републиканците за нова воена помош за Украина се одолговлекува во четврти месец, администрацијата на Џо Бајден најде итар начин да им доставува оружје и муниција на украинските сили. Им даваат оружје и воена опрема на Грците за овие потоа да им даваат на Украинците.
Лутон го разби Брајтон со 4-0 и се крена над цртата за испаѓање, во сигурна зона. Она што е уште појако е дека домаќинот синоќа поведе во 18’ секунда а веќе после 137 секунди игра беше 2-0. Ваков експлозивен старт имале само два тима во историјата на Премиер лига.
Саудијска Арабија која од клупата ја води прославениот Роберто Манчини, одигра луд меч за сите пари против Јужна Кореја во 1/8 финале на Куп на Азија. Иако Корејците беа голем фаворит, Саудијците први поведоа во првиот дел. Јужна Кореја предводена од Сон од Тотенхем имаше притоа еден куп шанси но израмни дури во 90+9’ минута во длабоко судиско продолжение. Следуваа пенали а кога Саудијците го промашиле и вториот пенал во серијата, Манчини тргнал да си оди и не го дочекал крајот да види што ќе се случи.
Математиката е следна: ако платиш нешто со банкнота од 50 долари, сто трансакции подоцна таа банконота ќе остане цели 50 долари. Ако платиш 50 долари со картичка, 30 трансакции подоцна останале само 5 долари од првичните 50 заради надоместокот што банките го наплаќаат за секоја трансакција преку картичка. Биди корисен, троши низ маало и плаќај со готовина.
Последно што објави Гардијан е дека Зеленски побарал од Залужни да даде оставка но популарниот командант на украинските вооружени сили одбил па се очекува да биде сменет. Ако е вистина тоа, Ким Дотком има една морничава верзија што се случува зад кулисите на оваа битна кадровска смена. Според него, конците ги влече „вистинскиот претседател на Украина,“ Викторија Нуланд.
Од Пекинг наваму, Италијанецот однесе дома 10 победи на 11 меча против ривалите од топ 5 на АТП, а претходно скорот му беше 4 од 23. Чекор по чекор, стана најдобар меѓу најдобрите.
Во 1965 двајца источногермански сниматели на документарци разговараат со мајор Зигфрид Милер, познат и како „Конго Милер“, поранешен член на хитлеровата младина, а во тоа време платеник кој работи во Африка за подоцна на истиот терен да биде ангажиран и од НАТО. Авторите пред и по ова снимаат документарци во Виетнам, Чиле и Камбоџа, меѓутоа докуметарецот со Милер го сметаат за највознемирувачкото нешто што некогаш го снимиле.
Доктор Ковид зачудувачки лесно проаѓа во медиумите иако е вклучен во многу контроверзни аспекти на пандемијата. За некои работи и натаму е убеден дека не била направена штета, за други дека е направена штета аама други се одговорни, а за некои работи кои во негова ера беа доминантна догма, допрва признава дека немале никаква научна основа. Социјалната дистанца, на пример.
Активирањето на Законот за вонредни ситуации за задушување на протестот камионџиите било спротивно на канадскиот устав, пресуди Федералниот суд на Канада. Според судот, либералната влада на Канада неуставно и неоправдано го употребила законот како одговор на блокадите од Конвојот на слободата.
Дваесет и седум годишниот Џејмс Медисон, врвен техничар кој од Лестер премина во Тотенхем и сега се врати на терен после долга пауза, еднаш ги зезна навивачите на Борнмут уште додека играше за Лестер. Го навредуваа од трибини со песна „Саутгејт (селекторот) е во право, за *** не те бива“. Медисон мангупски ги цимна. Скоро нешто слично им направи Алфи Доути од Лутон на навивачите на Шефилд Јунајтед.
Пит Сампрас, Андре Агаси, Борис Бекер, Штефан Едберг, Горан Иванишевиќ, Штефи Граф, Мартина Хингис, Моника Селеш, Мартина Навратилова. Други времиња со едни други мајстори кои владееа во тенисот. Налетавме на две минутен клип од АТП финале старо 25 години меѓу две славни американски имиња кои создадоа големо ривалство.
Репрезентацијата на Јордан сензационално влегла во четвртфинале на Куп на Азија откако го совладала Ирак 2:3 со голови во 90+5’ и 90+7’ минута. Претходно Ирачаните играле со играч помалку од 77’ минута откако Ајмен Хусеин, стрелецот на вториот погодок за Ирак го прославил на идентичен начин како Јорданците првиот погодок - со изведба на ручек на левантски начин.
На 26 јули во Париз треба да се отворат 33-те летни олимписки игри. Периодов не личи дека во Париз може трафика да се отвори, не цела Олимпијада. Последен придонес за ова го имаа француските земјоделци.