Манчини си отишол на сред пенали

Саудијска Арабија која од клупата ја води прославениот Роберто Манчини, одигра луд меч за сите пари против Јужна Кореја во 1/8 финале на Куп на Азија. Иако Корејците беа голем фаворит, Саудијците први поведоа во првиот дел. Јужна Кореја предводена од Сон од Тотенхем имаше притоа еден куп шанси но израмни дури во 90+9’ минута во длабоко судиско продолжение. Следуваа пенали а кога Саудијците го промашиле и вториот пенал во серијата, Манчини тргнал да си оди и не го дочекал крајот да види што ќе се случи.

Ова е интересно дури трет меч на Корејците на кој даваат гол во длабоко судиско продолжение после двата погодоци во групна фаза. После поразот, селекторот на Саудијска Арабија Роберто Манчини се извинил за тоа што предвреме ја напуштил пенал серијата, веројатно револтиран од тоа што примиле гол буквално во последни секунди од регуларниот дел и од тоа што неговите фудбалери промашија два пенали во серијата.

Неверојатно возбудлив меч Саудиска Арабија - Јужна Кореја:

 

 

31 јануари 2024 - 11:29