Нов гол на Миовски, сега е втор стрелец во Шкотска

Продолжува фантастичната серија на македонскиот центарфор и веќе ја потврди најдобрата сезона во кариерата.

Бојан Миовски игра во топ форма и го запиша 11-от гол во шкотскиот шампионат. Лидерот на табела му бега само три гола.

Нашиот напаѓач реализираше од пенал во 31-ва минута од мечот против Данди кој Абердин не успеа да го добие и одигра 1:1.

Гостинскиот голман го прочита и се фрли на правата страна, но ударот беше прецизен во долниот агол.

Сега има вкупно 18 гола на сите натпреварувања, но на 33 меча и на три месеци до крајот на сезоната.

Лани оваа бројка му стоеше на крајот на сезоната на вкупно 42 настапи.

31 јануари 2024 - 08:30