Ливерпул го декласираше Челси, малиот Бредли направи дар-мар

Фудбалерите на Ливерпул играат во страшна форма а доказ за тоа е и триумфот од 4-1 над Челси во дербито на Премиер лигата. Сините ги отвори Диого Жота со фантастичен соло продор уште во 23’ минута. А сите зборуваат и за 20-годишниот бек на Ливерпул Конор Бредли кој го постигна вториот гол, имаш и две асистенции и заслужено беше играч на мечот, вторпат во само три дена!

Конор Бредли е од Северна Ирска. Веќе има 13 настапи за оваа репрезентација, а интересно станал првиот Северно Ирец кој заиграл за Ливерпул уште од Семи Смит во далечната 1954-та.

Се очекува после ова Трент Александар-Арнолд и сигурно да биде префрлен во среден ред и да заборави на бековската позиција.

Младиот 20-годишен бек Конор Бредли беше јунак на мечот. Во 23’ минута прво му асистираше на Диого Жота а после 16 минути и самиот на асистенција на Луис Диаз постигна прекрасен гол за 2:0 и еуфорија на „Енфилд Роуд“.

На последните 4 меча овој младинец од Ливерпул има 5 асистенции и гол!

Пред крајот на првиот дел Ливерпул доби и пенал но Дарвин Нуњез не го совлада српскиот голман Ѓорѓе Петровиќ, односно погоди статива и на пауза се замина со 2-0. Нуњез е играч со најмногу погодени стативи сезонава во Премиер лига - дури 12 а на еден меч дури четири пати ја гаѓал стативата. Уругваецот има 7 гола и 7 асистенции во Премиер а Јирген Клоп ја прослави 200-та победа во Премиер лига во која го водел Ливерпул на 318 меча.

Во вториот дел Собослаи во 65’ минута зголеми на 3-0, во 79-та минута Нкунку намали на 3-1 но Колумбиецот Луис Дијаз со гол во 79’ минута ги постави конечните 4-1 за црвените кои ја одржаа разликата од 5 бода на табелата.

Интересно со 20 години и 206 дена Бредли може да се пофали дека е еден од ретките кои имал гол и две асистенции за Ливерпул во меч од Премиер лига. Само неговиот претходник Трент Александер-Арнолд бил помлад 63 дена кога во 2019-та го направил истото на дуел со Вотфорд.

Токму во 69’ минута наместо Бредли во игра влезе Трент Александер-Арнолд. Бредли со 5 асистенции сезонва е само зад Нуњез (6 асистенции на 21 меч) и Мохамед Салах (8 асистенции на 20 натпревари).

СЕ ПОКАЖАЛ НА ЕДЕН ДЕТСКИ ТУРНИР, НАВИВАЛ ЗА ЛИВЕРПУЛ ОД МАЛ

Бредли е Северноирец и како дете тренирал во локалниот Сент Патрикс каде ги воодушевил сите со талентот. На еден детски турнир за играчи У-11 години никој не планирал дека токму тој ќе биде најдобар играч.

Следна етапа му бил клубот Даганон Свифтс каде тренер на младинците бил Дикси Робинсон. По неговите зборови, малиот Конор има врвен атлетизам и упорно работи на себе а уште и зрел бил за тактички решенија уште од мали години.

Робинсон постојано зборувал со мајката на фудбалерот и имал колосална заслуга зошто Бредли останал скромен и пристоен. Потоа отишол во развојната академија на Ливерпул во Северна Ирска. Го следеле скаути на Манчестер Сити и Челси но и на Ливерул клубот за кој малиот Конор навивал од детство. Во Англија дошол на 16 години и потпишал професионален договор а на 18 дебитирал за црвените во Лига Купот.

На тој меч од Лига Купот кога Конор Бредли дебитирал за првиот тим на Ливерпул, за црвените првпат заиграл и младиот Кејд Гордон. Јирген Клоп ги пофалил обајцата после мечот: „Дечките одиграа многу добро, физички се моќни. Најголемо изненадување е што можат да ги играат сите 90 минут“.

Сезоната 2022/2023 Конор Бредли ја минал во Болтон на позајмица во трета лига а таму станал најдобар играч на екипата со 5 гола и 4 асистенции и им помогнал да влезат во плејофот. Болтон загуби во баражот минимално од Барнсли и не се врати во Чемпионшип. Но го освоија трофејот во англиската фудбалска лига, пехар наменет за Куп кој го играат нисколигашите.

Бредли таа сезона одиграл повеќе од кој било друг фудбалер на возраст од 19 години - дури 57 меча (4.723 минути).

„Планираме да го вратиме, ќе го гледаме во предсезоната а потоа ќе решиме. Конор ќе биде наш играч но треба да се процени дали има повеќе смисла да оди на позајмица или не“, рекол Клоп.

Во сезоната 2023/2024 Конор Бреди пропуштил дури четири месеци поради повреда на грбот. Кога се вратил често бил на клупата за резерви. Во еврокуповите дебитирал во 2023-та а после играл сјајно кога и да добие шанса од Клоп во јануари 2024-та. Посебно бил одличен во триумфот 0:2 против Арсенал на гости во Купот каде за 15 минути успеал да го покрие Мартинели.

Потоа добил 90 минути од Клоп во Лига Купот против Фулам.

Следуваше деби во елитната Премиер лига во триумфот 4:0 со Борнмут кога имаше асистенција, па потоа играше против Норвич во ФА Купот каде забележа две асистенции и на крајот гол и 2 асистенции со Челси во Премиер лига. Што уште повеќе на старт на кариера во Ливерпул.

За Северна Ирска дебитирал во мај 2021-ва година.

1 февруари 2024 - 09:08