Кои се најбрзи голови во Премиер лига - Лутон до 2-0 за 137 секунди

Лутон го разби Брајтон со 4-0 и се крена над цртата за испаѓање, во сигурна зона. Она што е уште појако е дека домаќинот синоќа поведе во 18’ секунда а веќе после 137 секунди игра беше 2-0. Ваков експлозивен старт имале само два тима во историјата на Премиер лига.

Рекордот за најбрзи голови на стартот и натаму го држи Лестер Сити кој во далечната 1998-ма година со погодоците на Емил Хески и Мази Изет водел 2-0 против Дерби уште после 120-ина секунди.

Арсенал во 2011-та година имал 2-0 против Њукасл после само 164 секунди со погодоците на Тео Волкот и Оливие Жиру. Тој меч важи за легендарен затоа што заврши 4:4 а Њукасл се врати по страшна негатива од четири гола.

Голот на шпицот на Лутон Адебајо во 18-та секунда не е најбрз во историјата на Премиер лига но влегува во Топ10 најбрзи во историјата на англискиот елитен фудбал. Рекордер и натаму е Шејн Лонг кој во 2018/2019 даде гол после само 7,69 секунди фудбал.

31 јануари 2024 - 12:25