26 годишниот Дмитро Горига е новото име на РК Вардар за следната сезона, кој ќе игра на позицијата лев бек. Пристигнува од Катар, а има играно и во Франција, Полска и Украина. Погледнете ја оваа бомба со моќен удар против Хрватска на Европското 2022.
Завршницата во плејофот од Супер лигата во ракомет, станува супер интересна. Ѕирнете ги табелата и распоредот до крај. Три екипи се во игра за титулата и на никој нема да му биде лесно.
Покрај тоа што го заврши мечот како прв стрелец со 6 гола, исто колку што даде Нејц Цехте од Еурофарм, Косуке Јасухира се истакна и со две феноменални асистенции кои се издвоија на мечот и тоа и двете до Милан Лазаревски. Инаку Вардарци го добија дербито против битолчани со 24:20 и математички останаа во игра за титулата.
Од спортските викенд возбудувања, најголемо на домашната сцена беше се разбира ракометното дерби во плејофот меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар кое домаќините го добија со 27:21. Словенечкиот голман Урбан Лесјак го заврши на начин со кој ја крена на нозе цела сала во Битола. Статива, па две одбрани за делириум меѓу навивачите.
Полуфиналето меѓу Франција и Шведска, кое Французите го решија во продолженија после слободен удар по истекот на 60-те минути е вистинска реткост во ракометот. Таков финиш се памети и на дербито меѓу Пелистер и Вардар на 11 октомври 2006-та. Проектилот го постигна Дејан Пецаковски, за победа и делириум во салата Младост.
Ракометниот новајлија одлично му парираше на двократниот европски првак и загуби достојно со 28:25. При еден пад на играта на Алкалоид, Лазаров збесна и откако ги искара фино направија серија од 5:0, а потоа и од 7:1 со што дојдоа и до предност против Вардарци.
Тимот на Алкалоид предводен од селекторот на Македонија, Кире Лазаров загуби од Целје со 28:27, каде тренер е поранешниот член на Вардар Алем Токсиќ. И двајцата тренери добија црвени картони после една вербална војна на зборови со пцуење.
Во Загреб на Кире му велеле дека стилот му е застарен, а Талант од тој негов стил го извлекол максимумот. На играчите им се поставувал само на еден начин, а тоа е како да бидат добри. Приватно бил многу забавен лик, ама во соблекувална знаел да полуди и да крши сè пред себе.
Филозофијата на унгарскиот гигант со кој Кире го одиграл првото полуфинале во ЛШ и почнал да сонува за трофејот, била необична. Место тимски дух, повеќе се ценеле индивидуалноста, па кој имал многу голови, побрзо добивал плата. Во Веспрем ги имале сите привилегии, но не биле свесни за силата Сиудад Реал.
По соопштението во четвртокот во кое ги истакна финансиските проблеми и долговите од 2,5 милиони евра, кои ги наследил од Самсоненко, првиот човек на Вардар одржа прес конференција за истата тема.
Пет дена по соопштението на Михајло Михајловски во кое вели дека го преземал Вардар со долгови спрема играчите од 2,5 милиони евра, нема реакција од Сергеј Самсоненко, туку преку соопштение се огласи извршниот директор на клубот во тоа време.
Првиот човек на Вардар, Михајло Михајловски обелодени дека неговиот претходник му оставил долг кон играчите од 2,5 милиони евра, што е голема сума за плати во спорт како ракометот. Да се потсетиме што изјавуваа оштетените страни кои испишаа историја и се бореа до крај, а истовремено голтаа кнедли.
Тешки мигови за РК Вардар. Неодамна се радуваше на две европски титули и предизвика луда ракометна треска, која очигледно ќе згасне или ќе спласне без магијата наречена Лига на шампиони.
Еден ден откако ЕХФ и официјално потврди дека го исфрла двократниот европски првак од ЛШ за следната сезона, стигна соопштение од Јане Сандански, во кое работите ги образложува првиот човек на клубот.
РК Вардар нема никаква реакција до јавноста за егзодусот кој му се случи на европска сцена, па како и во сите претходни тешки мигови за клубот, со свој став се изјаснуваат нивните најверни навивачи. Прстот го вперуваат на две страни.
Европската ракометна федерација ја потврди одлуката на Извршниот Комитет, да не му се дозволи следната сезона учество на македонскиот првак во европските купови. Тешко на Вардарци, а со тоа и на македонскиот ракомет.
Еден ден по најавата дека РК Вардар следната сезона ќе остане без настап во Лига на шампиони, се огласи претседателот на клубот кој вели дека правдата ќе ја тера до крај.
Само еден ден по ракометната треска во Келн, место од кое скопската публика има силни спомени кои вечно ќе ги паметат, на површина повторно испливуваат старо новите проблеми на двократниот првак на Европа.
После првите ракометни чекори во Овче Поле, Кире Лазаров уште како тинејџер се соочил со големи предизвици во дресовите на Борец и Пелистер. Во Велес имал голема минутажа, на 15 години почувствувал меч против актуелен европски првак, ама навечер не водел спортски живот. Трансферот во Пелистер бил полн погодок и покрај тоа што на почеток греел клупа и вршел притисок дома, веднаш да му најдат друг клуб.
„Секогаш на победа“ е збирка на лекции како се доаѓа до успех, а Кире во воведниот дел ја раскажува онаа детската, целосно непозната за јавноста. Од уличните тепачки на фудбал, првите ракометни предизвици на влажните асфалти каде се кинеле патики за 20 дена, глупоштиите со другарите, па сè до денот кога бирал меѓу два спорта кои имаат заеднички елементи.
Триумфот на дербито против Еурофарм Пелистер, клучен за титулата, ракометарите на Вардар почнаа да го слават прво во соблекувалната во салата во Битола, а потоа на свој терен. Пред Јане Сандански ноќта имаа славенички пречек од Комити кој вреди да се погледне.