Самиот говор ме инспирираше да направам нешто во мој стил и пробав да склопам една песна користејќи го говорот на Кире. Целта на песната не е сеирџиска и мојата намера не е да омаловажувам и да си играм мајтап, туку напротив е мотивирачка. Барем за мене. Пронајдов интересни фрази, мотивирачки, пробав да направам мелодија и да ги склопам во една песна со NuDisco елементи. Дефинитивно за сè во животот треба верба, храброст и срце. И сè е возможно!