Низок, брз, спретен, незгоден, плус европски првак со Вардар. Тоа е Сташ Скубе кој настапува за Мешков Брест. Ти го мислиш ќе организира напад, тој ти го мати паметот со пируета.
На прес конференцијата после триумфот над Чешка, од македонскиот табор се појавија Столе, Жути и Кире. Селекторот откри зошто играше малку против Чешка, а двократниот европски првак со Вардар, кој се повлекува од репрезентација рече дека 14 години не видел одмор во зима.
Дваесет и едногодишниот Струмичанец Васил Гогов е на листата на 5 најдобри одбрани во последниот круг натпревари во Лига на шампиони. Во отуство на Борко Ристовски, Гогов и Томовски одлично бранеа и се најзаслужни што Вардарци колку-толку го обелија образот во Унгарија и ремизираа 33-33 со Везпрем.
Македонскиот шампион Вардар речиси да немаше ниту теоретски шанси да надомести огромни -8 негатива од првиот меч во Скопје, но кај Веспрем на гости одигра одличен натпревар како увертира за она што го чека до крајот на сезоната.
Клупска легенда, симбол на сите успеси на Вардар на домашна и меѓународна сцена, миленик на црвено-црната армија. Рускиот репрезентативец Тимур Магомедович Дибиров ненадејно во гостување во емисијата „Само ракомет“ објави дека најверојатно го одиграл последниот меч во Лига на шампиони во Скопје.
И покрај тоа што ова не се денови на радост за Вардар, кој во рок од неколку дена загуби дома од Еурофарм Пелистер, па од Веспрем, сепак верноста на навивачите синоќа повторно беше на ниво. ЕХФ тоа го препознава и го истакнува.
По поразот од Еурофарм Пелистер во Суперлигата, ракометарите на Вардар повторно загубија пред своја публика, овој пат од Веспрем во осминафиналето на ЛШ.
„Istorija ex yu fudbala“ е доста популарна Фејсбук страница која одлично го негува драгоценото богатство на југословенскиот фудбал и држи страшно добра архива. Денеска сме во центарот на вниманието.
По историскиот настап на кошаркарите во Литванија, по ракометните европски титули на Вардар, по чудото со Германија, централните градски улици во Скопје синоќа го доживеаа и славјето за сензационална победа над европски шампион.
Македонскиот шампион Вардар 1961 ја заврши групната фаза во Лига на шампиони и тоа во голем стил, со триумф 39-30 над норвешкиот првак Елверум. Ова за „црвено-црните“ беше потврда дека се во топ форма, одиграа најдобар меч сезонава и со големи амбиции одат во осминафинале против унгарски Веспрем. Тимур Дибиров беше играч на мечот со седум гола од кои еден беше права атракција за публиката.
Поранешниот македонски репрезентативец кој играше во Динамо Киев, сними видео порака за поддршка на Украина, љут и гневен што гине невин народ во земјата каде стекнал пријатели.
Откако ЕХФ потврди дека Вардар службено го добива натпреварот против белоруски Мешков Брест со 10-0 затоа што сите меѓународни спортски федерации решија да ги исфрлат руските и белоруските клубови од турнирите, „црвено-црните“ како 5-ти во својата група веќе го знаат ривалот.
И покрај тоа што спортот нема никаква поврзаност со војната, сепак секој ден има по некоја санкција за Русите и во оваа област. Последната е повеќе како некој вид протест, односно солидарност. Чудно малце.
Како што расте војната во Украина, така се редат санкции во рускиот спорт кои веќе не може да ги пофатиме. Се огласи Спартак Москва, која смета дека спортот, дури и во најтешките моменти, треба да гради мостови, а не да ги руши.
Европската ракометна федерација ги суспендираше руските и белоруските екипи од сите натпреварувања кои се под нивна капа. И машки и женски. Истото важи и за репрезентациите.
Откако пред пет години си замина од Скопје и работеше во Русија, Египет и Унгарија, Давид Дејвис направи кам бек во Вардар, овој пат како главен тренер. Роден е во Шпанија, има потекло од Екваторска Гвинеја, ама цепа на македонски.
Додека оди ЗОИ во Пекинг, ни текна на една ексклузива која ја дознавме за ЗОИ Сараево 1984. Ја имаме споделено еднаш, ама ваква сторија не е за еднаш. Да не знаете некој друг наш новинар кој седел на маса со легендарниот холивудски актер и снимил интервју долго 4 и пол часа?
РК Вардар прекина ужасна серија во Лига на шампиони од седум порази по ред, а еден од најзаслужните за големата гостинска победа против лидерот на табелата е Мартин Томовски кој блесна со 13 одбрани. 24 годишниот Томовски станува сè поголема сигурност на голот на црвено црните, но и во дресот на Македонија.
На 15 години ги шокирал Струмичани со 41 кош, во време кога не постоеле тројки. Вардар и ОФК Белград го барале како голман. Фудбалски. Немал утка од белата точка кога ги шутирал првите 10 пенали во кариерата, а имало обиди постар да го направат.