Од целиот прес кој ќе може да го погледнете во видеото најдолу, издвојуваме неколку пикантерии.
На 12:18 Кире
„Имав проблем уште пред првиот меч со Чешка, се повредив на натпреварот со Берлин во Лига Европа, но дадов максимум да ја истераме и оваа работа. Повредата ја сокривме не поради вас, туку поради противникот. Таму некако помина, ама тука вечерва осетив болка и не тренирав последните 2-3 дена. Но ние имаме играчи кои треба да ме заменат и ќе ме заменат квалитетно и во кои верувам. Томи Јагуриновски го почитувам и го знам уште од млади денови. Во него има храброст и врела крв и може да ни помогне во секој момент, тука е и Мартин Серафимов кој е малку поразличен од него и Мартин Велковски кој е веќе со педигре и искуство кој ќе помага многу во иднина“.
На 14:30 Кире
„Ни се изместија плановите. Искрено мислев дека покрај се што направив изминативе три дена за да се оспособам, мислев дека ќе издржам барем 60-70%. После првиот шут осетив голема болка и тоа шут од 6 метри, а после вториот од 9 метри тоа беше крај. Во второ полувреме влегов како лудак во наводници, каков што сум и да не ми речеше Столе да излезам, немаше ни да излезам. Тоа е вистината. Ми рече, што правиш, дали си нормален? Му реков, не сум, излегов и фала богу се заврши како што треба“.
А потоа Столе во свој стил кон новинарите:
На 16:10
„Пукајте бе...“
Па следуваше прашање: Дали беше Талески најслабата карика во одбрана?
„Де бе брат...Тале изгина две утакмици, има многу работи што мислам дека вие не ги гледате. Не можеш да не згрешиш во одбрана, работата е помалку да згрешиш. Добар си беше. Кој бил најслаба карика, нема ни потреба сега да зборуваме“.
На 18:38 Столе за откажувањето, за неговите наследници и напорното темпо.
„Од 2008-ма не сум имал одмор во зимо. Само на 20 дена во лето сум. Многу утакмици има и стварно е многу напорно и многу е напорно пивот да се игра“.
Кире Лазаров, емотивно со солзи за повлекувањата на Столе и Жути