- Раководството на Вардар е бесно по судиските грешки на гостувањето против Гостивар кое го загубија со 1:2.
- ФФМ ги суспендираше главниот судија Влатко Илиоски и вториот помошник Марјан Смилкоски до крајот на сезоната, а Никола Глигоров одлучи да си поднесе оставка од позицијата тренер на Вардарци, после контроверзниот пораз.
- „Со вчерашното бламирање во Гостивар раководните структури на ФФМ го направија првенството да биде нерегуларно на дрзок и безобразен начин со една цел, екипата на ФК Вардар по секоја цел да остане во втората лига“, рече сопственикот Слободан Крстевски.
- Директорот за глобален развој на фудбалот во ФИФА и легендарен тренер Арсен Венгер изјави дека Светското клупско првенство (СКП) испаднало успешен проект и дека во иднина ќе се одржува пак. На секои 4 години.
- СКП беше остро критикувано од многу страни а гласен беше и трофејниот тренер Јирген Клоп кој кажа дека турнирот е најлошата идеја некогаш спроведена во фудбалот која што ја донеле лица во фотељи кои никогаш не играле фудбал.
- „Секој има право на свое мислење, а јас воопшто не го делам ставот на Клоп. Мислам дека Светско клупско првенство е потребно. Ако ги прашате сите клубови кои беа овде, 100% од нив ќе ви одговорат дека би сакале да повторат пак. Тоа е најдобар одговро на прашањето што клубовите мислат за СП“.
- „Следното ќе биде во 2029. Тоа секогаш беше случај“ додал Венгер. Кандидати за домаќини на следното СКП се Шпанија, Бразил, Катар, САД и Саудиска Арабија.
- Gorenje е тука за да го поедностави секојдневниот живот, особено кога сè е подредено на големи спортски моменти. Додека навивате, дозволете им на овие паметни апарати да се погрижат за храната, пијалоците и ладењето. Затоа, не пропуштајте ги специјалните промоции и попусти на Gorenje фрижидери по повод FIFA Club World Cup 2025™. Ова е идеална можност да го создадете вашиот тим од соништата во кујната.
- Со помош на Gorenje фрижидерите, свежината на зеленчукот се зачувува благодарение на специјално дизајнираните прегради кои спречуваат мешање на мириси и одржуваат оптимални услови за складирање на различни намирници.
- Постојат напредни функции кои дополнително го олеснуваат организирањето и складирањето на храната - Smart FastFreeze препознава ненадејно зголемување на температурата и автоматски го активира брзото замрзнување, додека Smart SuperCool ја зачувува свежината дури и кога го полните фрижидерот по голема куповина.