- Червар дојде како важечки светски и европски вицешампион со Хрватска, со уште тазе мирис од светското и од олимпиското злато од 2003 и од 2004 година. Тој не само што го дообликува карактерот на шампионски тим, туку почна една ракометна култура во населбата од влезот на Скопје.
- Се поставуваа рекорди за продажба на билети, во „Борис Трајковски“ бројот на гледачи го надминуваше капацитетот. Червар диригираше победа и над градскиот соперник и против новото катарско милениче ПСЖ со Хансен и Нарсис, но и против Барселона со Лазаров и Карабатиќ.
- Автокоманда беше на седмо небо, центар не на Скопје, ами на светот, меѓутоа откако презими стигна реалноста. Металург за последен пат го понижи Вардар во пролетта 2014, но кој да насетуваше дека оттука натаму ќе настапи долгогодишна, гладна зима.
- Металург му е потребен на македонскиот спорт, ама оној од пред 20 години, со чиста желба да твори ракомет и да креира играчи. Металург треба да живее, а не да преживува. Да остане пример, а не споменик.
- Протестите на навивачите на Лацио против Клаудио Лотито се одразуваат и финансиски врз клубот.
- Во првата кампања за обновување на сезонски билети, регистрирани се околу 2.000, што значи скоро 28.000 сопственици на сезонски, засега избраа да не ги потврдат своите места на стадион.
- Оваа бројка се однесува само на првиот дел од кампањата и затоа не го претставува конечниот број за сезоната 2026/27.
- Помеѓу 2022 и 2026 година, навивачката база беше стабилна со околу 30.000: 26.193 во 2022/23, 30.333 во 2023/24, 29.036 во 2024/25 и 29.918 минатата сезона. Континуитет кој сега ризикува нагло да биде прекинат.
- Откако Жозе Мурињо одлучил дека за младиот талентиран центарфор Гонзало Гарсија нема место во екипата и нема да добива доволно минутажа, кралскиот клуб брзо му најде нова средина.
- Англиски Фулам плаќа 70 милиони евра за потписот на младиот 22-годишен Шпанец роден во Мадрид.
- Како што пишува Кадена КОПЕ, фудбалерот кој на 39 настапи постигна 8 гола од кои 6 во Ла Лига минатата сезона, набрзо ќе се пресели на „Крејвен Котиџ“.
- Реал Мадрид заработи повеќе од сто милиони евра од продажба на играчи од нивната академија. Нико Паз замина за 60 милиони евра, Виктор Муњоз за 20 милиони евра, Алваро Родригез за 12,5 милиони евра, Рафа Мартин за 15 милиони евра, Алекс Хименез за 12,5 милиони евра, Марио Мартин за 3,5 милиони евра и Фран Гарсија за 4 милиони евра. Вкупно околу 107,5 милиони евра заработка.