Ако сурфате на Livescore.com, место понуда за денешната спортска среда, ве чека голем банер со боите на Украина и натпис „Со Украина сме“.
Скролнавме по азбучен ред и навистина ја нема Русија.
Ако кликнете на банерот ќе ви се појави објаснување дека тоа го прават како солидарност кон Украина.
Инаку Лајвскор е култна веб платформа за преглед на резултати во фудбал, која потоа додаде хокеј, кошарка, тенис и крикет.
Како кец на десетка ни дојде кога се појави, бидејќи претходно бевме оставени само на споровозниот Телетекст. Tој што го немаше на ТВ одеше или вртеше во кладилница за да си го провери тикетот.
Постои од 1998-ма, а потоа доби силна конкуренција откако во 2006-та се појави Rezultati.com. Таму може да гледате резултати од руско првенство каде викендов се игра 20. коло.
Или не типувате на руско периодов? 😊
Суспензија за Русија од ФИФА и УЕФА во сите натпреварувања
ЕХФ ги суспендира руските и белоруските екипи, Вардар доби службена победа во ЛШ
Шалке и УЕФА раскинаа со Газпром
Русин од Аталанта даде голчиште и го прослави со спуштена глава
Дејан Савичевиќ: „Не ја бранам Русија, ама мене како нив така ми земаа три турнири“