- Тоа што се најавуваше во текот на денот, сега е и официјално. Советот на ФИФА и Извршниот комитет на УЕФА ги суспендираа сите руски екипи и репрезентации од нивните натпреварувања.
- Светската куќа на фудбалот прво ги забрани руското знаме, име и химна, а противниците во плејофот за СП 2022 одбија да играат против нив. Но со оваа најнова одлука, Русија е исклучена од баражот за Мундијалот во Катар.
- Претходно, УЕФА го суспендирашe единствениот преостанат руски тим во натпреварувањата под капата на европската куќа на фудбалот, Спартак Москва. Рускиот тим е исфрлен од Лигата на Европа и неговиот противник Лајпциг автоматски обезбеди пласман во четвртфиналето.
- Елмин Растодер го разби малерот на македонската фудбалска репрезентација, која осум натпревари беше во серија без постигнат гол. По мечот со Шкотска изјави дека се работи за вежбана комбинација.
- „Горд сум што го постигнав првиот гол за Македонија, но штета што не успавме да стигнеме барем до еден бод. Одигравме добар натпревар, бевме спремни, но понекогаш таков е фудбалот. Комбинацијата од корнер ја трениравме, јас истрчав на прва статива, Барди ја испрати токму таму топката и погодив со глава.
- Сакам уште еднаш да кажам дека сум многу горд што постигнав гол за нашата држава, тоа е мојата задача, напаѓач сум. Тоа ми дава енергија да постигнам погодок и на следниот натпревар против Словенија“, рече напаѓачот на Панатинаикос.
- „Овој натпревар го реши ВАР, немам што да им замерам на момците, одиграа одличен натпревар, кога играте со ваква репрезентација мора да сте на високо ниво, тие ги искористија своите шанси и дојдоа до победата.
- Полека, полека фудбалерите ги разбираат моите замисли, жално е за резултатите, добро е за фудбалерите што дадовме гол бидејќи цело време се спомнуваше, знам дека тие можат повеќе.
- Ние со ваква игра можеме да се носиме со силни репрезентација. Одигравме машки и борбено, го исполнија тоа што барам, го оставија срцето на теренот, штета што загубивме, се надевам на подобри денови“, изјави по мечот селекторот Гоце Седлоски.