Веспрем - Вардар 31:31 (18:13). Резултат кој ги изненади и самите вардарци кои колку толку достоинствено се збогуваа со елитното натпреварување.
Домашниот состав кој пред една недела во Скопје ги растури „црвено-црните“, вечерва стартуваше јуришно и поведе со 6-3, но Вардар растеретен од резултатски притисок постојано фаќаше прикучок.
На паузата сепак унгарците отидоа со висока позитива 18-13.
Водството од 4-5 гола Веспрем го чуваше и во текот на целиот втор дел, освен во финишот кога Вардар со убава серија израмни за првпат на мечот: 29-29.
На крајот конечни 31:31 за пристоен поздрав со Лига на шампиони. Морале постигна шест гола и беше најдобар стрелец кај Вардар вечерва, а Јахја со седум гола го предводеше Веспрем кој оди во следна рунда.
Македонскиот првак сега ќе има нови предизвици во домашните натпреварувања каде ќе има тешка задача да го надомести поразот од Скопје од најголемиот ривал за титулата, битолски Еурофарм Пелистер.